ПОЛИЦИЈА РЕСПЕКТ!

Штип, 05.08.2018

На фејсбук можете да сретнете и прочитате многу интересни, поучни работи кои ќе го збогатат вашето знаење, но и голем број глупости на чии автори не можете да им ја фатите поентата зошто го работат тоа што го објавуваат.

Една од најдобрите работи кои сум ја прочитал на фб се однесува на нашата полиција. Извонредно четиво, прекрасно сознание за вистинското лице на професијата полицаец. Со задоволство го објавуваме и го препорачуваме за читање . споделување и прераскажување:

Еве го текстот:

До СИТЕ оние кои рекоа дека полицијата ништо не работи, сите ВИЕ кои рековте или помисливте дека полицијата е корумпирана, насилна,мафијашки настроена и непрофесионална…

Слушнете ме сега!!!

-Знаете ли какво е чувството да одите по мокрите улици, додека на лицето ви паѓа мраз???

-Знаете ли какво е чувството,првиот дожд, првиот снег, првиот мраз…да го почувствувате надвор во глувата ноќ, облечени во униформа за која вашите сопруги мака мачат да ја состават крпејќи ја неколку пати месечно???

-Знаете ли какво е чувството да гледате во човек кој е обесен, убиен или здробен во сообраќајна несреќа…или да гледате во очите на човек кој пред малку извршил убиство???

-Знаете ли какво е чувството кога ќе ве пратат на некоја адреса да известите некои луѓе дека нивниот син загинал во сообраќајка со моторот или колата,па вртите околу…околу…и на крај мора да им кажете, и го гледате таткото во очи…на крај му кажувате…ништо не зборува, а солзите му течат и течат…и косата од црна му се прави бела за 20 минути???

-Знаете ли какво е чувството да гледате во малолетни деца кои некаде премрзнати во снег чекајки да стигнат полицајците и пијаниот татко да го приведат, па истите да влезат дома да се стоплат, и да си ги преврзаат раните кои им ги нанел нивниот пијан татко???

-Знаете ли какво е чувството да зборувате со силувано девојче…и да и вратите надеж дека има и подобро утро, и дека постојат добри луѓе???

-Знаете ли какво е чувството да гледате во насолзените очи на 80 годишна старица која ја претепал нејзиниот син???

-Знаете ли какви е чувството кога стоејќи во кордон со колегите,према вас доаѓаат 1000-2000 навивачи, бесни што нивниот ебан клуб изгубил затоа што противникот бил појак???

-Знаете ли какво е чувството кога навечер се враќате дома и мора да ја исперете крвавата униформа, натопена со крв од некој починат или убиен, бидејки мора да се исуши за утрешната смена, зошто немате резервна???

-Знаете ли какво е чувството кога сопирате возило и возачот се наведнува од фиоката да извади документи, а вие очекувате да извади пиштол и да пука во вас???

-Знаете ли какво е чувството кога криминакец ќе ви направи штета приватно, бидејки е бесен затоа што сте постапиле исправно и сте му ставиле лисици за криминалот кој го направил???

-Знаете ли какво е чувството кога децата ќе ви пораснат и треба да се женат или мажат, а вие сваќате дека не сте во можност да им направите најскромна свадба бидејки сте заглавени со неколку кредити???

-Знаете ли какво е чувството кога сето ова наведено го доживувате повторно…и повторно…???

-ЗНАМ ДЕКА НЕ ЗНАЕТЕ…и не БОЛИ тоа…БОЛИ тоа што тие ГОЛЕМИ ЛУЃЕ на кои ВИЕ им се потсмевате…ги ШТИТАТ вашите животи и животите на вашите најмили, и спремни се за нив да го дадат и СВОЈОТ живот!!!

-Ве сакаат и вашите блиски, синови, ќерки,роднини, пријатели…ама никој од нив нема да го даде својот живот за да вие ја имате слободата и сигурноста…а како што гледате, има луѓе кои даваат СЕ, а добиваат толку МАЛКУ….а ВИЕ им се потсмевате!!!

Илјадници бевме ангажирани денеска, и таму кај што не можете да замислите,на небо, на земја и под земја… за да ВИЕ имате пријатен и спокоен празничен ден…

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН…ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе