Полковник Добре Вељаноски за вчера одржаната “Езерска средба – Охрид 2018”

Охрид, 25.март 2018

Зружение   на ветерани  од одбраната и безбедноста на Република Македонија

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ:

 Прославата на скромниот јубилеј, покровителот и помагателите, ја воздигнаа до впечатлива Балканска средба

– Една првобитна замисла – да ја прославиме правата 10 годишнина на нашата, Општинска организација на Зружението   на ветерани  од одбраната и безбедноста на Република Македонија, со вклучувањето на локалната самоуправа и градоначалникот професор д – р Јован Стојаноски, лично – во својство на покровител, прерасна во “Езерска средба – Охрид 2018”, за на крајот – со големата поддршка на помагателите “Скопско пиво”, “Супер маркети-Тамаро” и “Омега-Транс”,  да заврши како Балканска средба.

29138692_10213407057543351_1894341083_nОписот, на импресивен и пластичен начин, го даде нашиот пријател и другар, генерал Филип Котели, претседател на  Зружението   на ветерани  од одбраната и безбедноста на Република Македонија :”Никогаш досега, во Охрид, немало толку генерали и полковници на квадратен метар,како што беше денеска на балканската “Езерска средба” на ветераните од одбраната и безбедноста”.

Ја должам, и сакам јавно да ја испорачам огромната благодарност и признателност кон покровителот, градоначалникот Стојаноски и кон менаџментот и сопствениците на “Скопско пиво”,” Тамаро” и “Омега-транс”, на кои нашeто здружение им додели посебни Благодарници.

(Крај)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе