Радовиш со еден милион евра ќе се брани од поплави

Радовиш, 06.06.2018

Герќо Конзулов, градоначалник на Радовиш
Герчо Конзулов, градоначалник на Радовиш

Експерти за води од јапонска „Џајка“ се во Радовиш. Тие го скинираат теренот на сливното подрачје на Радовишка река со намера и цел да го спасат градот од можни катастрофални поплави кои ги имало во минатото. „Џајка“ беше реализатор и на проектот – регионален хидросистем „Злетовица“ која успешно и на време беше завршен.

„Експертите од Јапонија работат на терен и го скенираат истито со цел намалување на ерозијата и штетите од поројните дождови.  Ние се „испековме“ на 4 декември 2008 година, кога од надојдените води на две наши реки фирмите, инсититуциите, домовите, радовишката инфраструктура доживеаја вистинска катаклизма. Посветени сме на потребата Радовиш такво нешто никогаш повеќе  да не доживее, па во таа смисла е ангажманот на „Џајка“. Како што сега се одвиваат нештата веќе на почетокот од идната година ќе почнат работите на заштита на градот од можните поплави“, вели радовишкиот градоначалник Герчо Конзулов. Тој додава дека се работи за стратешки значајно прашање за Радовиш и неговите жители.

Во исто време Швајцарската влада преку УНДП со донација од 20 милиони евра капитално помага во регулацијата на сливното подрачје на реката Струма.

„Ние сме во Струмичкото сливно подрачје, Радовишка река е поврзана со него, тука се и другите две наши реки Сушица и Плаваја, трите реки се вливаат во Струма, која е во Бугарија, а ние имаме европска обврска таму да испорачаме чисти води. Во таа смисла е оваа инвестиција на Швајцарската влада. Ќе се постават повеќе мерни станици преку кои ќе се контролира квалитетот на водите од нашите реки“ , вели Конзулов.

Во однос на регулацијата на водите  и „смирување“ на реките да не прават голема беља, општина Радовиш доби 160.000 евра од Југоситочниот плански регион и со уште толку свои пари ќе го регулира коритото на Сушица, а ќе гради и пречистителна станица на неа. Во овој проект со 50 проценти од потребните средства учествува и Република Бугарија, зашто реката Сушица е поврзана со реката Струма.

„Сакаме да ги примириме нашите немирни реки, а во исто време и да создадеме услови за подобрување на квалитетот на нивните води. Се изборивме и за европски пари, па во таа смисла можеме да сметаме на поспокојни гоини за Радовиш и неговите жители и во времиња на големи проројни дождови кои ги полнат речните корита“, вели градоначалникот Конзулов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе