Рајшри ДЕШПАНДЕ: Следете го патот на срцето, тоа ќе ве направи среќни и исполнети

Позната филмска индиска актерка и активист наша гостинка

„Здраво Македонијо, ви благодарам што ме правите дел од вашиот простор. Моите драги пријатели Иван Спасев и Јордан Ѓорчев ме поканија да бидам дел од Меѓународниот славјански универзитет-Свети Николе правејќи ме блиска до  Киноверзум кој отвора кина во градовите во вашата убава земја. Мене ми е посебно драго што Киноверзум работи на отварање и промоција на киното во Македонија зашто филмската култура е многу важна за секоја држава“.

Дешпанде (во средината) со екипата од серијата „Проба со огнот“ на Нетфликс
Дешпанде (во средината) со екипата од серијата „Проба со огнот“ на Нетфликс

Ова, на почетокот од разговорот за нашиот медиум, го кажа Рајшри Дешпанде, една од најпознатите актерки од Боливуд, индиски пандан на Холивуд. На наша покана таа го посети и Штип каде се интересираше за отворањето на Киноверзум во овој град, прошета по Суитлакот и ни даде интервју за нашите читатели.

343130684_896510754748321_6570989583734684130_n            „Сакам да им кажам на вашите читатели дека потекнувам од мало село. Јас од мала сум тежнеела да бидам артист но моето семејство сакаше да завршам училиште кое ќе ми овозможи работа, зашто семејството мислеше дека ако си артист од тоа не можеш да живееш. Завршив студии по маркетинг но забележав дека не припаѓам на тој свет па морав да ги убедам родителите дека моето срце припаѓа на уметноста, јас си го следев патот на срцето и станав артист, станав среќна и исполнета“, ни рече Дешпанде.

Боливуд е индиска филмска индустрија во која Дешпанде е истакнат член. Зад неа се педесеттина филмови и бројни награди освоени на филмски фестивали.

„Во Индија снимаме филмови на четири различни јазици (хинди е стандардниот државен јазик, а англискиот е втор државен јазик во Индија) кои јас морам одлично да ги зборувам зашто ние правиме филмови на сите четири јазици. Затоа јас за себе не можам да кажам дека сум само хинди актерка зашто сум индиска филмска актерка“, појаснува нашата соговорничка.

340120955_3289423138036854_2833128227998982343_n
Дешпанде на интервју со новинарот Бојаџиски

Вели дека и е многу мило што индискиот филм станува многу популарен во светот. Таа ја искажува својата гордост што е индиска филмска актерка. Потенцира дека нејзина желба е индиските филмови во што поголем број да се прикажуваат и во кината во Македонија.

„Ние не сме држава која прави филмови само со песни и игри, ние сме самостојна филмска индустрија која оди на најдобрите филмски фестивали во светот. Би сакала да го погледнете нашиот документарен филм кој зборува за слоновите во Индија за кој филм добивме Оскар. Нашата филмска индустрија е во постојан пораст“, појаснува Дешпанде.

Таа вели дека нема разлика во начинот на правење филмови во Холивуд и во Индија. –„Правењето филмови насекаде во светот е иста работа, потребно е да се има добро сценарио и одлична екипа“, ги појаснува работите Рајшри Дешпанде.

342136388_6339350616127131_5190088630317921657_n
Дешпанде на прошетка во штипскиот парк Суитлак во траиционална Сари индиска носија

Рајшри се има здобиено со меѓународно признание за нејзиниот портрет на Лаксами во филмот „Лутите индиски божици“ на режисерот Пан Налин. Уште поголем успех постигна со главната улога во филмот „Секси Дурга“ за која ја доби првата награда на филмскиот фестивал во Ротердам. И во серијата „Проба со оган“ на Нетфликс Дешпанде ја игра главната женска улога. Серијата започна да се емитува на 13 јануари годинава како хит серија која е класифицирана во топ десетте најдобри серии во Индија, Пакистан и Бангладеш, држави во кои живеат 1.725.000.000 жители, или околу 25 проценти од светското население.

Проучувајќи ја нејзината биографија дојдовме до податок дека таа наскоро би можела да се пресели во Холивуд, дека за такво нешто веќе бил подготвен договор…

-И јас се надевам дека тоа е можно да се оствари. Во Холивуд има светски актери од мојата Индија, јас само ги следам нивните чекори па ќе видиме што од сето тоа ќе излезе, со насмевка ни одговара Дешпанде.

. Дешпанде голем дел од своето време го посветува на хумантирана работа. По земјотресот во Непал таа работела во невладина меѓународна организација во едно од настраданите села, во 2015 година биле ангажирана како главна личност во село подложно на суша во Индија организирајќи проект за собирање вода. Во 2018 ја создавата фондацијата „Набханган“ која се ангажира  кон одржлив развој на селото. Таа е и прво лице на на фондацијата „Граѓаните за утре“ за справување со отпадот од пластика.

„Во Индија, во малите села им помагам на фармерите, изградив многу близок однос со децата и жените од тие села, а доминантно помогнав да се изградат и три училишта. Моја, а и должност на сите луѓе на земјината топка е да работиме да си ја зачуваме животната средина, климата. Мојата сила доаѓа од мојата строгост кон себе, работев многу да го достигнам ова ниво и како актерка и како хуманист но чувствувам дека имам уште сили во себе да остварам поголеми цели. Јас никогаш не заборавив дека дојдов од село и дека направив нешто во животот па работам напорно и други луѓе од селата во Индија да го достигнат тоа ниво“, вели Дешпанде.

На крајот од разговорот ја прашуваме гостинката од Индија дали постои шанса индиски филмови да видиме во кината на Киноверзум.

-Ги советував моите домакини од Киноверзум да ги донесат во Македонија најдобрите индиски филмови, а ми стана јасно дека тимот на Киноверзум има веќе смислено како да го направи тоа. Јас многу сакам повторно да се вратам во Македонија, да ги претставам моите, а и други индиски филмови пред македонскиот народ, да си дадам повеќе време за во Македонија за да посетам повеќе култни места зашто видов една преубава земја и стекнав пријателства со прекрасни, топли луѓе“, рече на крајот од разговорот Рајшри Дешпанде, една од топ десетте индиски актерки.

                                                                                                Иван Бојаџиски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе