РУДНИК САСА: Од вторник започнува отстранувањето на јаловината

Македонска Каменица, 11.10.2020

Од вторник, 13. октомври 2020, Рудник САСА ќе отпочне  со прва фаза на отстранување на јаловина која истече како резултат на инцидентот на Хидројаловиште од 14/09/2020, по течението на реката во должина од 11,5 километри.
Чистењето на јаловината ќе се одвива согласно техничка документација во чија подготовка учество зедоа домашни и странски експерти. Оваа фаза од чистењето ќе започне од речното корито кое поминува низ градската зона на Македонска Каменица, а потоа ќе продолжи по целата должина на реката, од јаловиштето на рудникот САСА, па сѐ до езерото Калиманци.
За чистење на речното корито кое поминува низ градската зона на Македонска Каменица ќе биде употребена механизација, согласно предвидена метода за чистење, а собраниот наталожен материјал ќе биде адекватно отстранет и дислоциран на соодветни локации во рудникот. Ќе бидат преземени сите мерки за да се минимизира сообраќајот на возилата во центарот на градот како резултат на овие активности за расчистување.
Динамиката на работа ќе се прилагодува на временските услови и ситуацијата на теренот и затоа ве молиме за трпение и внимателно движење во зоните на извршување на работите.
Истовремено, рудникот САСА и понатаму останува отворен за сите ваши мислења и предлози. За таа цел граѓаните можат да се обратат во Канцеларијата на Рудник САСА сместена во зградата на општината Македонска Каменица, која работи секој петок, од 08:00 до 16:00 часот, со почитување на сите превентивни мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.
Рудникој ја упатува својата благодарност на жителите од локалната заедница за искажаната поддршка и разбирање.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе