Само во Свети Николе деца кршат ноеви јајца

Свети Николе, 16.04.2017

  • Најдобра техника и најцврсто јајце имаше Елизавета Бабкина од амбасадата на Руската Федерација во нашата држава

Само во Свети Николе осум години по ред се одржува уникатна традиција за празнување на Велигден. Имено, деца кршат ноеви јајца а победникот добива скромни награди колку за потсетување на убавиот настан.

Победничката Бабкина со сестричката и признанијата
Победничката Бабкина со сестричката и признанијата

Традицијата ја воведе Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ а на  осмиот по ред натпревар учество зедоа натпреварувачи од Свети Николе и децата на вработените во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

Во опуштена и пред се весела атмосфера, учесниците ги одмеруваа техниките во кршење на ноевото јајце на противникот. Победник на годинашниот натпревар е Елизавета Бабкина од Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија, која со нејзиното ноево јајце кое тежи повеќе од еден килограм, ги победи останатите натпреварувачи.

Инаку, треба да се знае дека ноевите јајца се варат најмалку 2 часа, а едно вакво јајце заменуваат над 20 јајца од кокошка.

(д.м.)

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе