Сведоштво на вработена во болницата за смртта на родилката во Штип – Кога ја донесоа болницата беше празна, докторите беа приморани да одат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид!

Мактел доби ШОКАНТНО сведоштво за смрртна на 26 годипната жена, која во понеделникот заедно со нејзиното бебе, почина во болницата во Штип. Практично болницата била празна, докторите биле приморани да одат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, и кога присигнала родилката била пречекна само од една медицинска сестра, која не знаела што да прави и ја однела на Инфективно.

Интегрално ви го пренесуваме писмото со сведоштво за целиот немил настана.

Здраво Саше

Ти пишувам видно потресена, видно потресена од ситуацијата во нашето здравство. Незнам колку си во тек со настаните, но пред не полни пет дена во Штипската болница почина 26 годишна бремена жена во 8-миот месец од бременоста.

Поради одредени сиптоми на труење во неделата беше однесена во болницата, но од таму ја вратија назад дома со одредена дијагноза.

Во понеделникот ситуацијата значително и беше влошена и беше веднаш однесена повторно во болницата во попладневните часови.

Саше, ги пренесувам зборовите на чистачка во болницата која што во тие моменти беше на работа:

„Болницата беше тотално празна,пациенти доагаа и си одеа затоа што немаше кој да ги прими,на сите им беше дадено наредба дека мораат да се појават на митингот во Охрид,и во 13:00 часот ја напуштиа болницата и се упатиа кон новата пошта во Штип,веднаш до градскиот стадион од каде што Автобусите тргнуваа на митингот во Охрид,бремената жена буквално беше оставена во рацете на една најобична дежурна медицинска сестра,која незнаеше каде да упати сама со неа и што да направи,ја однесоа на заразно,од таму таа веке почината се обидоа со реанимација,но безуспешно,потоа ја исекоа и со царски рез се обидоа да го спасат новороденото бебенце но го извадија мртво. Потресно,потресно,потресно,голем дел од канцелариите на докторите беа заклучени а тие упатени на митинг на ВМРО,истото беше и со останатите медицински сестри кои што во тоа време требаше да бидат на работа а по наредба мораше да одат на митинг на ВМРО-ДПМНЕ“.

За нечии лични интереси, два млади животи згаснаа,згаснаа а за тоа буквално не се обрати никакво внимание, жално.

Жално што веке човечкиот живот ја изгуби секоја вредност која ја имаше,со вакво здравство,уште многу од нашите најмили ке ги загубиме.

Пренесено од МАКТЕЛ

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе