СДСМ ШТИП: Социјална пензија за 6.000 лица

Штип, 26.12.2019

Владата предводена од СДСМ спроведува социјална реформа која целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани. Со Законот за социјална сигурност на стари лица кој е дел од социјалната реформа и веќе стапи на сила, социјално ги обезбедуваме лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција.

Месечниот надоместок за овие лица изнесува околу 6.000 денари.

Со социјалната пензија или државната пензија веќе опфативме над 4000 корисници, а е предвидено за почеток со неа да бидат опфатени 6000 повозрасни лица. Се работи за возрасни лица кои не оствариле право на пензија и немаат друг извор за егзистенција.

Ние не забораваме дека и тие го граделе ова општество и заслужуваат да имаат достоинствен живот. Само во нашата општина досега околу 70 лица имаат добиено социјална пензија.

Со воведувањето на социјалната сигурност за стари лица како Влада уште еднаш потврдуваме дека подеднакво се грижиме за сите граѓани.

Секој од нас заслужува достоинствен живот во општеството, бидејќи сите заеднички сме придонеле во неговото градење,рече на прес конференција Македонка Николовска, секретар на ОО на СДСМ Штип.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе