Средношколците од регионот на средби со европратеници во Брисел

Делчево, 05.02.2019

Средношколците од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент, остварија средби со Манфред Вебер, кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија и со европратеникот од пратеничката група ЕНП/ГЕРБ, Андреј Ковачев. Главна тема на овие средби биле придобивките од зачленувањето наРепублика Македонија во Европската Унија и отворањето поголема перспектива на младите кои својата иднина треба да продолжат да ја градат во европска Македонија.

DELCEVO BRISELТриесетината средношколци во рамките на престојот во Брисел, ќе се запознаат и со историјатот на создавањето на ЕУ, начинот на работа на Европскиот парламент и донесувањето одлуки, а планирано е да посетат и повеќе знаменитости на европската престолнина.

Оваа посета се реализира на покана од потпретседателот на Европската народна партија и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и на иницијатива на нашиот сограѓанин Венци Димитровски, а патувањето ефинансиски поддржано од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ од Софија на д-р Милен Врбевски.

Директорот на делчевската гимназија, Љупчо Прачковски, истакна дека ова е одлична можност учениците да се здобијат со нови знаења за Европската Унија.

-За Брисел замина првата група наши одлични ученици, коишто за прв пат имаат можност да го видат Парламентот на Европската Унија и да се запознаат со работата на ова највисоко демократско тело во Европа. Втората група ученици за Брисел ќе патува во април месец. Инаку, со учениците е и професор којшто предава за Европската Унија. Оваа посета на Европскиот парламент за нас како гимназија претставува голем чекор, заради тоа што учениците ќе се здобијат со нови знаења и на лице место ќе се запознаат со европските институции. Сите овие млади луѓе подоцна ќе имаат можност тоа да го презентираат и кај нас и пошироко кај останатите ученици, рече Прачковски.

Воедно, деновиве од Словенија се врати групата средношколци кои ја реализираа посетата за збратимување со љубљанската гимназија „Полјане“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе