Текстилните и кожарските компании месечно побогати за 96 евра по работник

Штип, 19.09.2018

Вицепремиерот во Владата на Македонија Кочо Анѓев на денешната средба со стопанствениците од источниот регион најави значајни мерки како поддршка на компаниите од текстилната и од кожарската индустрија за кои рече дека се најзагрозени во рамките на светската конкуренција.

„Размислуваме за тоа како од една страна да растат нето платите на вработените и да го обезбедиме опстанокот на компаниите, а од друга страна како  тие мерки да немаат негативен одраз врз буџетот на државата. Таа мерка треба да се примени од 2019 година кога треба да дојде до „замрзнувањет“ на придонесите за овие гранки, освен придонесите за персонален данок. Тоа би значело дека на компаниите од овој сектор месечно по работник ќе им остануваат во бруто износ по 96 евра по работник, согласно просечната плата во овие индустриски гранки, со што би дошло до покачување на платите и подобрување на стандардот на вработените“, порача Кочо Анѓушев.

Регионалната стопанска комора од Источниот регион денеска оствари дебата за клучните прашања во однос на националната економија во која учествуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и Бранко Азаски, претседател на Стопанската комора на Македонија. Пред околу стотина стопанственици Анѓушев ги изнесе мерките на Владата во однос на подобрувањето на економскиот амбиент во државата.

„Многу сум среќен што сите стопанственици се исклучиво поддржувачки настроени во делот на престојниот референдум, а сето тоа поради погледите на прашањето во делот на економијата која успешниот рефенреднум го отвора. Од друга страна ги разгледавме приоритетите на нашето стопанство. Стопанствениците искажаа задоволство во делот на финансиската поддршка која доаѓа од Владата и во делот на изедначување на условите за стопанисување на домашните со странските инвеститори“, рече Анѓушев.

Тој потенцира дека на денешната средба со стопанствениците во Штип биле отворени значајни прашања кои досега не биле решение, како прашањето на кадарот, на демократијата, на административно-бирократските пречки кои ги трпи економијата, а за кои, како најголем проблем на нашата економија говореа поголем број стопанственици.

„Зацртавме план за наредната година заедно да работиме на решавање на овие прашања, на надминување на бирократските пречки кои за жал сеуште ги има, разговаравме за тоа како до поголем животен стандард на работниците,  за што државата има простор за сериозно подобрување на секое од овие полиња.  Сите анализи кои се прават во Македонија, и од МАНУ, од Светска банка, од други меѓународни финансиски институции, од стопанските комори во државата покажуваат дека во овој дел има простор за сериозно подобрување. Она што секако треба да се подобри е продуктивноста на нашите компании преку инвестиции во нови технологии и знаење, а тука државата и Владата ќе бидат силни партнери на нашата економија“, потенцира вицепремиерот Анѓушев.

Според него,Законот за финансиска поддршка на инвестициите е само еден дел од тие мерки. Последниве недели , според вицепремиерот, биле промовирани мерки за практиканство како прв чекор во решавањето на проблемот со кадар. Преку прогарамата „Шанса за сите“ ќе се врши преквалификација на кадарот која ќе биде на сметка на државата, а сите овие мерки произлегувале од разговорите со стопанствениците.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе