Течат активностите од четвртиот Балкански поетски камп “Ванчо Николески”

Охрид, 25 август

– Од попладнево, со присуство, на одделни манифестации на Мегународниот семинар за македонски јазик и литература, при УКУМ, како и на поетскиот фестивал ”Струшките вечери на поезијата”, од страна на веќе пристигнатите учесници, се одржува, четвртиот по ред, Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”.

Кампот се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата, при УНЕСКО, додека претседателот на СРМ, Стево Пендароски, испраќа посебно Послание до учесниците.

Официјалниот почеток и свеченото отворање, закажани се за утре претпладне, со прием и поздравен збор, од страна на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, професор д-р Христо Петревски.

За учесниците, во селото Белчишта, прием приредува и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, каде ќе им биде овозможено да го разгледааат новоотворениоет Изложбен центар на Белчишкото блато.

Учесниците, традиционално, имаат прием од страна на менаџментот на светскиот поетски фестивал – “Струшките вечери на поезијата”, како и посета и прием во населбата Вевчани, со разглед на Вевчанските извори, Куќата на Михајло Пупин и други атрактивности.

Организаторот, се погрижи, годинава, да подготви содржајна програма и да обезбеди броен состав на учесниците, кои доагаат од Украина, Бугарија, Албанија, Хрватска, како и Македонија – овој пат, со претставник од помалите етнички заедници, преку Детската амбасада “Мегаши” од Скопје.

Од Бугарија, односно Украина (по мајка), преку Македонскиот културен центар во Софија и личното залагање на директорот, проф. д-р Сашко Насев, доага младата надарена поетеса, најмладиот учесник со само 9 години, Оксана Христова, која, на свеченото отворање, ќе прочита песна на украински јазик, како чин на пријателство и емпатија, а по повод Денот на независноста на Украина, 24 август.

Мегу чесниците, во својство на раководител на Поетската работилница, е и Ана Бергана (АннаБагряна),украинска писателка, поет, драматург и преведувач,поранечшен секретар на Националниот сојуз на писателите на Украина за работа со млади автори и главен уредник на списанието „Гранословие“. Преведува од словенски јазици. Составител и преведувач на „Антологија на современна поезија на Македонија“ на украински јазик.

Исто така, во својство на раководител на Работилницата, доага и Ана Петреска, која има докторирано книжевност на тема: “Расказот и раскажувањето како услов за правилен говор”, што е нејзина потесна специјалност, а има и големо искуство како логопед. Таа ќе одржи предавање на тема: “Правилниот говор кај децата и креативно изразување на учениците”.

Учесниците, еден ден, сабота, ќе престојуваат во Црвена Вода, родното село на Ванчо Николески, основоположникот на македонската члитература за деца и млади, каде ќе бидат во можност да ја посетат родната куќа, како и Спомен собата на Ванчо Николески во училишната зграда, која, сега е Спомен дом на Народно ослободителната борба, од Втората светска војна. Таму ќе имаат средба со поетот Димче Шипинкаровски.

Во Црвена Вода, тие ќе бидат гости на СРЦ “Bella Casa”, каде сопствениците ќе ги послужат со кулинарски специјалитети, карактеристични за селото и областа Дебрца.(Крај)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе