ТРГНА ВОЗОТ: Кривична за Илчо Захариев, го оштетил буџетот за 26 милиони денари

Штип, 12.02.2019

Против Илчо Захариев, поранешен градоначалник на Штип и Игно Иванов, поранешен директор на ЈП „Стипион“-Штип е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, а пријава за „перење пари“ финансиската полоција поднессе против Р.Г. управител и сопственик на фирмата „Коле транс“ Штип.

Според пријавата, се работи за оштетување на државниот буџет за сума од 25,9 милиони денари со овозможување на  штипската фирма  „Коле Транс“ бесправно да користи песок од коритото на Брегалница.

Како што соопшти Управата за финансиска полиција, Захариев, без да објави повик за јавна набавка за чистење на коритото на река Брегалница, на предлог на Советот на општината, иако знаел дека ЈП „Стипион 2011“ нема капацитети за вадење песок, донел одлука за сметка на општината како корисник на дозволата, јавното претпријатие да изврши регулација и уредување на речното корито кај село Софилари, а неискористениот речен материјал да го искористи за редовно и зимско одржување на локалните патишта и улици, појаснува Управата за финансиска полиција.

Дали Захариев  ќе им се придружи на „колегите“ во Идризово, останува да покаже сплетот на настаниите кои следат.

Оттаму информираат дека, Иванов знаејќи оти јавното претпријатие не е надлежно за тој вид услуги, ниту, пак, има капацитет со механизација да ја изврши услугата и наместо да распише јавна набавка, со непосредна спогодба ги исклучил останатите економски оператори и склучил Меморандум за соработка со кој на пријавениот Р.Г. му овозможил бесправно да искористи 42.814,57 метри кубни песок од коритото на Брегалница по пазарна цена од 600 денари за тон во вкупна вредност од 25.941.348 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Р.Г.,пак, со намера да го прикрие потеклото на противправно стекнатите пари прибавени со казниво дело,  ги инвестирал во купување удел во Друштво за хотелиерство, туризам и угостителство ПЕЛА ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со што го сторил кривичното дело „перење на пари и други приноси од казниво дело“.

Инаку, непосредно по губењето на локалните избори на кои Захариев беше кандидат за нов градоначалнички мандат од ВМРО ДПМНЕ, во јавноста беа лиферувани бројни информации за поднесени кривични пријави против него. Дури и тој самиот , во некои интервјуа, кажа дека против него биле поднесени над 40 кривични пријави, ама тој не се плашел зашто работел чесно, домакински, законски.

Дали Захариев ќе им се придружи на „колегите“ во Идризово, останува да покаже сплетот на настаниите кои следат.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе