Ученици од Крижевци зимуваа на Пониква

Кочани, 09.јануари, 2019

Осуммина ученици од Основното училиште „Људевит Модриц“ од Крижевци, Република Хрватска, со наставничката по  телесно и здравствена култура,  Маријана Фржовиќ, минатата седмица престојуваа на Пониква,Осоговски Планини.

Зимувањето коешто го овозможува Општина Кочани е во рамките на соработката со хрватскиот Град Крижевци, пријателство што датира пред повеќе од три децении.

ПОНИКВА КРИЖЕВЦИ– Убаво ни беше, поминавме една седмица, децата си играа на снегот, се санкаа, се дружеа. Сите нè дочекаа убаво, со радост и кога имавме дополнителни барања – секогаш ни ги овозможуваа. Му благодарам на градоначалникот што дојде да нè посети – рече  Фржовиќ.

Според градоначалникот Николчо Илијев, станува збор за  убав начин на одржување на традиционално пријателство во чии рамки на учениците на генерацијата од средните и од основните училишта од Кочани им се овозможува летување на хрватското приморје.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе