ШТИП: Заболените од корона се од пет штипски конфекции

Штип, 18.07.2020

Во Штип денес се регистрирани рекордни 60 лица заболени од корона  вирусот.

Половина од нив се од една конфекција лоцирана во штипска населба, а другата половина се работнички на четири други конфекции од индустрискиот дел на градот.

Во конфекцијата во која се регистрирани 30 заболени вирусот се појавил пред неколку дена кога се регистрирани 11 работнички носители на Ковид 19. Сопственикот на конфекцијата одлучил сите околу 130 работнички да бидат тестирани во клиниката Жан Митрев при што, досега, се покажало дека во оваа конфекција има вкупно 41 заболено лице од корона. Дали ќе има и други лица со Ковид 19 од оваа конфекција ќе се знае кога ќе се добијат резултатите за останатите работници.

Други 29 лица кај кои е регистрирано присуство на Ковид 19 се од четири други конфекции. Тоа говори дека конфекциите и понатаму остануваат главните жаришта на короната. Овој факт станува поубедлив ако се има предвид податокот дека и во блиското Свети Николе каде се регистрирани 91 заболен од короната, епицентар на заразата е конфекцијата „Мода“-најголемиот светиниколски колектив.

Проблем во однос на короната станува и Домот за стари лица во Радовиш каде прво се заразила хигеиничарка, потоа медицинска сетсра а по неа и дел од станарите на домот. Овде опасноста по здравјето на заболените е значително поголема зашто се работи за стари лица.

Од штипскиот Центар за јавно здравје укажуваат дека сето ова е резултат на непочитување на здравствените мерки и неодговорноста на поединци кои знаат дека го имаат вирусот но продолжуваат да одат на работа и на тој начин да ја шират заразата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе