Штип и истокот денес без ниту еден заболен од Ковид 19

Штип, 16.06.2020

Штип и останатите градови од источниот регион денес се без ниту еден новозаболен од Кови 19. Во последните 24 часа во државата се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19.

По градови изгледа вака:

-Скопје 97

-Куманово 5

-Прилеп 1

-Тетово 11

-Струга 3

-Велес 1

-Битола 1

-Кавадарци 1

-Крушево 2

-Валандово 1

-Кратово 1

-Кичево 2

-Ресен 7

-Неготино 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).

Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од:

-Скопје 6

-Куманово 23

-Прилеп 2

-Тетово 1

-Велес 2

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе