Штип од државата ќе побара 80 милиони денари за граѓаните да не смрзнат преку зимо

Штип, 21.09.2022

Владата на Македонија на Општина Штип да и додели 80 милиони, денари (околу 1,4 милиони евра) како државна помош за престојната зима за која се предвидува дека ќе биде екстремно проблематична. Ваков предлог, на вчерашната седница на Советот на Општина Штип дојде од координаторот на советничката група на ВМРО ДПМН Душко Иванов.

307515056_555691132972322_3571495550026626721_n
Душко Иванов

„Сите анализи говорат дека не чека една од најтешките зими во нашите животи со оглед на цената на електричната и на секој друг вид на енергија. Ако Владата можеше да донесе одлука на граѓаните на Скопје кои имаат парно греење финансиски да им помогне, зашто тоа да не важи и за другите градови. Конечно, сите ние сме граѓани на Македонија“, вели Иванов.

ИВАНОВ:  Штип е град на трудоинтензивна текстилна индустрија, платите се помали од оние во другите градови, ако Владата можеше на скопјани да им даде финансиски олеснувања во однос на греењето на нивните домови, зашто тоа да не го направи и за Штип, кој е град и на 10.000 пенизонери чија просечна пензија е само 13.500 денари…

Според координаторот на советничата група на ВМРО ДПМНЕ штипските семејства зимава ќе бидат во најтешка состојба во државата по однос на ова прашање.

„Нашата општина е центар на трудоинтензивната и слабо акумулативна текстилна индустрија во која својата егзистенција ја обезбедуваат најголем број наши семејства. Тоа значи дека и приходите по семејство се пониски од оние градови во кои постои друг попрофитабилен вид на индустрија. Покрај ова Штип има и близу 10.000 пензионери, а просечната пензија е 13.500 денари и е најниска во Македонија, па и тоа го земаме во предвид кога како советничка група го даваме овој предлог. Аргумените се на наша страна, нашето барање има дебели аргументи, има основа“, коментира Иванов.

Советниците од опозицијата побараа еден ваков предлог подетално да се образложи, на што Иванов како предлагач и советничката група на ВМРО ДПМНЕ се сологласија па одлука за тоа дали од Владата ќе се бара сумата од 80 милиони денари за општината во текот на периодот есен/зима полесно да се справи со енергетската криза ќе биде донесена на идната седница на Советот на Општина Штип.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе