ШТИП: Прес на СДСМ за направеното во период од две години

Штип, 07.03.2020

На денешната прес мконференција на која се орабти Маријана Поповска Рогожарска, челн на Централниот одбор на СДСМ и советничка во Советот на Општина Штип беа изнесени најважните остварувања на локалната власт во Штип која е во рацете на СДСМ и коалициските партнери.

Еве што на пресот беше речено:

-Во овие две години во кои локалната власт е предводена од страна на СДСМ, Штип се развива рамномерно и правилно. Се посветува внимание на секој дел од градот и секој аспект од општественото живеење.

Таков е случајот и во урбаните заедници „Васил Доганџиски” и „Пролет”.

Во овој дел од градот досега постигнавме:

* Изградба на улица во населба Суитлак

* Изведба на канализациска линија на крак во Суитлак, со должина од 400 метри

* Реконструкција на улица „Ленинова”, како и дел од улицата „Борко Левата”

* Изградба на крстосница на улица „Вита Поп Јорданова” и улица „Борко Левата”

* Изградба на нов троторар на улица „Вита Поп Јорданова”

* Реконструкција на тротоар на улицата „Тодор Коларов” кон Клиничка болница

* Реконструкција на тротоар кон Деснаци, кон улиците „Доланска”, „Митко Шекерински” и „Хо Ши Мин”

* Тампонирана улица во населба Каваклија

* Реконструкција на водовод и фекална канализација кај дел од местото викано Шардаван Баши. . Овде се реконструираа 120 метри водоводна линија, а се изврши и реконструкција на 120 метри канализациона мрежа како и изведба на водовод и фекална канализација на улица „Каваклија’’ кај Шардаван Баши, водовод со должина од 120 метри и канализација со должина од 94 метри со приклучок.

Уште во предизборниот период жителите на местото Шардаван Баши укажаа на

проблемите со водоснабдувањето и фекалната канализација, заради што Општина Штип и ЈП „Исар” реагираа одговорно и ги санираа проблемите со кои овие наши сограѓани се соочуваат. Со оваа реконструкција кончено се реши овој горлив проблем на кој граѓаните со години укажувале и за кој барале решение

* Отворивме спомен соба во општинскиот мултимедијален центар, кој го доби и името на нашиот прв претседател, Киро Глигоров. Штип го вреднува свето минато и покажува висока свест и важност кон нашиот сограѓанин, нашата дражва . Штип ќе продолжи да ги вреднува и уважува личностите кои дале личен придонес во развојот на државата.

Работевме многу и во унапредувањето и осовременувањето на условите во ООУ „Ванчо Прке”. Во ова училиште обезбедивме:

* Фотоволтаици на кровот на училиштето, со што се овозможува значителна заштеда на електрична енергија

* Уредување на тоалетите во училиштето

* Уредување на училниците и ходниците со современа опрема и нагледни средства

* Набавка на нови компјутери, ЛЦД телевизори и смарт табли кои ја олеснуваат и

унапредуваат наставата

* Изградба на училница на отворено

* Изградба на монтажно спортско игралиште

Во овие урбани заедници, во срцето на градот, започнавме со изградба на затворен

базен во населбата Суитлак.

Наскоро ќе се започне со реконструкција на улицата „Љубен Иванов“, како и

изградба на уште една платформа за паркирање кај спотрскиот комплекс „Џексон“ што ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Вложуваме правилно, домаќински и одговорно.

Создаваме нови и корисни содржини.

Го подобруваме квалитетот на живеење во градот.

На прав пат сме! – порача Маријана Поповска Рогожарска.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе