ШТИП: Промоција на роднокрајни автори, членови на ДПМ

Штип, 19.12.2017

Утре во спомен собата на Ацо Шопов, во Домот на култура кој го носи името на овој поет и револуционер, ќе биде промовиран зборникот на роднокрајни автори, членови на Друштвото на писатели на Македонија.

Во зборникот се поместени портретите на авторите родени во Штип: Никола Кљусев, Шукри Рамо, Србо Ивановски, Љупчо Стојменски, Кирил Бујуклиев, Михаил Ренџов, Ристо Лазаров, Благој Самоников, Трајче Кацаров, Марија Кукубајска, Блаже Китанов, Димчо Димчев, Лидија Капушевска и Соња Атојменска.

Уредници на ова издание кое за сите времиња ќе ја сочува убавата приказна за успешни писатели и поети родени во Штип се поетот Благој Самоников и Жаклина Петрушевска од НУ НБ „Гоце Делчев“. Зад делото, како издавачи, стојат спомнатата библиотека и Националната установа Центар за култура „Ацо Шопов“.

Промоцијата е закажана за утре (среда, 20.12.2017) во 12 часот во домот на култура „Ацо Шопов“.

Стихови ќе читаат Страшко Милошевски и ченови на Поетскиот театар при Домот на млади во Штип.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе