ШТИП: Средба на Бочварски со сопственикот на фарма добитник на грант од 110.000 евра

Штип, 05.12.2019

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со раководителот на ПЕ про Министерството за земјоделие Павел Иванов, на покана на Гоце Арсов, сопственик на фармата „Славик Фарм“ која се  наоѓа во селото Крупиште беа во посета на оваа успешна фарма.

Гоце Арсов
Гоце Арсов

-Славик Фарм е позитивен пример за тоа како една успешна земјоделска фарма може да аплицира и да добие поддршка од Владата и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за понатамошен развој на сопствениот бизнис. Сопственикот е добитник на грант од ИПАРД 2 програмата за приклучна механизација во висина од околу 110.000 евра, рече Бочварски.

Тој потенцира дека Владата и Министерството за земјоделие ги знаат потребите на земјоделците и со мерките кои се спроведуваат, се поттикнуваат сите земјоделци да аплицираат за било каква помош.

Раководителот на штипската подрачна единица при Министерството за земјоделие Павел Иванов, истакна дека значително се подобрени условите за земјоделците особено за младите кои може да аплицираат и да добијат грант во висина до 20.000 евра.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе