ШТИП: Станарите од кулите кај Бриони бараат мир, во тоа име ги извадија клупите за седење покрај Отиња

Штип, 26.05.2020

Станари од кулите под месноста викана Бриони, ги извадија сите клупи поставени покрај ќејот на реката Отиња на потегот од четврттата кула до влезот во ЈП Исар. Го направија тоа овие луѓе во знак на револт од неодговорната младина и од немоќта на полицијата да се справи со тортурата на голема група млади моторџии.

-Денес се случи повторно немил настан при што моите соседи повикаа ПОЛИЦИЈА (епилог кривична пријава за ТРКАЧОТ,стартувач, палач на асфалтот)..по 100-ти пат овие 2-3 месеци! Се работи за едно од најпопуларните места моментално во градот, за дивеење на нашата младина, Со моќни и брзи возила и скутери..

Најпопуларно место во Штип за ТРКИ преку денот е потегот одкај СВР ШТИП 4-та кула до ЈП Исар.. На повиците на телефон од  СВР најчесто многу тешко или никако и никој не одговара! Почесто има денови во неделата кога се надојдени скутери во број двојно поголем и од лагер листата во еден салон за скутери.. !

Возат со мотори и скутери со стока на час, седат на клупите јадат семки, под нивните нозе еден тон лушпи. Ќе ги искараш, а нашата мамина и татина младина се враќа во двапати поголем број ….Ги извадивме клупите но и тоа не помогна…Оваа тортура не се трпи!

Немоќно и БЕДНО органите на редот ги замолуваат престапниците, тркачи, стартувачи и вандали да си отидат, но со нив си заминува и самата патрола од СВР! За 15-20 мин. вандалите се враќаат во тројно поголем број! ПОВТОРНО ТРКИ, СТАРТОВИ, СВИРЕЊЕ, ГЛАСНА МУЗИКА од возилата, и се што следува со тоа!!! Дел од нестабилниот младеж претпоставувајки кој пријавил остануваат да провоцираат и понатаму..

Доколку повторно повикаш ПОЛИЦИЈА! одтаму ти викат толку е, бевме патрола пред половина час..! Околу 19 часот поголем дел си одат но секогаш има неколку “помудри” и “попаметни” и си одат околу 19.15 …! Нашите соседи и ЈАС во знак на револт пред неколку дена ги извадивме сите клупи на потегот од 4-та кула до ЈП ИСАР, надевајки се дека ќе го смалиме изборот за “забава” на нашата мамина и татина младина! Но, бројот на парадери не се смалува! Седат на бетонските ивичници прават лушпи од семки по еден тон .. фрлаат лименки каде стигнат и си одат! Минативе ден два, направивме иницијативен одбор од станари од неколку згради! Значи не застануваме ТУКА! Се најавивме во локалните медиуми, да го искажеме предупредувањето!

Ситуацијата станува СЕРИОЗНА! Има премногу мали деца помеѓу зградите , СЕ ВОЗИ од 4-та кула до ЈП ИСАР и над 100км/ч ! Нека си возат секој од каде идат 200 км/ч !!! во Дузлак во Сењак во Ново Село! Кој од каде дошол!!! Ќе побараме РАЗГОВОР со некои од советниците! (и од ХУНТАТА и од РЕЖИМОТ) И тоа пред локалните ТВ медиуми ! Не признаваме образложенија дека сега е вакуум период на министер од ХУНТАТА , заменици од РЕЖИМОТ и обратно! (Исто началник од таму , заменик од ДУИ и сл.) ќе се повикаме и на НЕУТРАЛНИ војници т.н. Зриковисти, Титовисти и кој сака друг..! Чашата е прелиена! НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА! ЖИВОТОТ ни е поважен од секој скутер , и од СЕКОЈ РЕЗОНАНТЕН АУСПУХ на скутерот…

ПОЗДРАВ.. благодариме, стои во пост обајвен на интернет од револтирани станари.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе