ШТИП: 2,2 милиони денари за разубавување на Аргачот

Штип, 14.10.2020

Во разубавување на Аргачот, култно место во самото срце на градот, Општина Штип вложува 2,2 милиони денари.

Просторот кој е опкружен со згради од сите страни на светот и има влез за возила и за луѓе станува место за квалитетен одмор и за парикрање на возила.

Денес на местото на кое се извршуваат завршните активности беа в.д.градоначалникот Јане Миланов и Живко Тасев, директор на ЈП „Исар“ кое претпријатие ги изведува работите.

Се работи за партерно уредување на 600 метри квадратни површина. Уредувањетто опфаќа поставување на нови клупи, корпи за отпадоци, бехатон, канделабри и декоративни садници.

-Ова е заедничка инвестиција на Општина Штип и ЈП „Исар“ која чини околу 1,8 милиони денари, а дополнително Општина Штип на овој потег во градот изврши санација на паркинг просторот, инвестиција која чини 400.000 денари, со што вкупната вредност на инвестиција во овој дел од градот е 2,2 милиони денари,“ истакна в.д.градоначалникот Миланов.

Живко Тасев, прв човек на ЈП „Исар“ истакна дека ваквите уредувања квалитетнно го разубавуваат просторот и им служат на граѓаните. Тој рече дека  вакво партерно уредување ЈП „Исар“ годинава реализирал и во населбата Автокоманда во близина на градскиот пазар со што Штип на повеќе свои делови се разубавува..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе