KОЧАНИ: Надоместок за комуналии намален за 20 проценти

Кочани, 06.06.2019

Заинтересираните за градба на објекти за домување и за комерцијални дејности во Кочани до крајот на оваа година ќе плаќаат за 20 проценти понизок надоместок за уредување на градежното земјиште.

Таква одлука донесе Советот на Општина Кочани на 26. редовна седница, на која беше усвоен предлогот попустот да трае до крајот на оваа календарска година.

KOCANI SOVET– Општинската администрација се согласува со донесената одлука попустот да трае до 31 декември, затоа што тоа нема негативно да се одрази врз остварувањето на планираните приходи во буџетот. Со оглед што реализацијата по основ на комуналии е веќе 80 отсто, сметаме дека до декември целосно ќе се исполни планот, а според сегашниот тренд најверојатно и ќе го надминеме – истакна Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.

Од надлежните ќе се бара полициската станица во Кочани да се организира како Сектор за внатрешни работи.

Намалувањето на висината на надоместокот за комуналии, утврдено со Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општината за 2019 година, не  се однесува на викендичките на Пониква.

Членовите на Советот на Општина Кочани донесоа заклучок со кој ги задолжија стручните служби во општинската администрација да изготват нова, реална проценка за надоместокот за уредување на градежното земјиште и таа да биде доставена пред усвојувањето на Буџетот за наредната година. Со тоа, наместо да се дава времен попуст, ќе се овозможи граѓаните трајно да имаат поповолни услови за градба.

На седницата, Советот ја усвои информацијата за состојбите и условите за работа на Полициската станица од општа надлежност во 2018 година и донесе заклучок да се бара од надлежните Станицата во Кочани да се организира како Сектор за внатрешни работи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе