Кочани, 29.11.2017
Новата кочанска локална власт е одлучна еднаш засекогаш да го реши сообраќајниот метеж во централноо градско подрачје. Политиката бара, но остава проблемот да го решат стручњаци од оваа област. Во случајов, ангажирани се стручни служби од Министерството за внатрешни работи во Скопје кои,на проблематиката, ќе соработуваат со Полициската станица во Кочани и надлежните за безбедност во сообраќајот.
Ова е решено на состанок во Кочани на кој стручњаците констатира дека затекнале лоша сообраќајна слика во центарот на градот. Тие посочија дека на еден простор има повеќе вида паркирање, а тоа со добриот проток на сообраќајот не одат заедно. Сепак, квази-решенија не треба да се бараат. Потребно е снимање на теренот, солидна анализа и решение. Вака советуаа стручните лица од МВР.
Генерален заклучок е дека нашиот проблем е во паркирањето на улиците. Тоа ни кажува дека треба да најдеме неко ново решение за потребите за паркирање, а со тоа да овозможиме и непречено движење на возилата во централното градско подрачје, вели градоначалникот Николчо Илијев
Според градоначалникот Николчо Илијев, трајното решение на сообраќајниот хаос е поврзано со решавањето на паркирањето.
„Општ заклучок е дека проблемот е во паркирањето на улиците. Тоа значи дека треба да најдеме решение за потребите за паркирање, а со тоа да овозможиме и непречено движење на возилата во централното градско подрачје“, рече Илијев.
Според градоначалникот Илијев, постапката не е едноставна, но проблемот не е безнадежен, па во следните неколку денови ќе се сублимираат сите идеи и предлог-решенија по што ќе се избере и проектантска куќа која ќе направи анализа на состојбата.
Илијев побара трпение од граѓаните за да можат стручните служби да дадат мислења, а по изготвената студија, да се донесе конечна одлука.