Актива гради обиколница која му помага на индустриски Штип

Штип, 11.04.2017

  • Обиколницата ќе биде готова до крајот на летото, ќе биде долга еден километар, а на реката Брегалница ќе има челичен мост долг 60 а широк 7 метри

Пат во должина од еден километар, мост широк седум, а долг 60 метри гради штипска „Актива“. Тоа, всушност, е нова обиколница која во најголема мерка ќе биде од помош на индустријата во Штип.

„Според наши проценки обиколницата треба да ја завршиме до крајот на ова лето, а на неа се работи со голем интензитет. Мостот преку реката Брегалница ќе биде челична конструкција, а истиот се прави во нашите хали. Обиколницата ќе излегува кај фабриката за чевли Баргала“, вели Иле Николов, директор на „Актива“.

Обиколницата во изградба, поглед од кај Баргала
Обиколницата во изградба, поглед од кај Баргала

Според некои анализи во населбите Сењак, Дузлак и Баби живеат над 20.000 жители, што е речиси половина од штипското население. Во најголем дел се работи за луге кои се вработени во штипските стопански капацитети лоцирани во старата штипска индустриска зона.

Oбиколницата има значење и во фактот дека значително ќе се растовари сообраќајниот метеж и гужвите кои сега се создаваат на камениот и на бетонскиот мост на реката Брегалница по кои се одвива целокупниот сообраќај. Гужвите се посебно големи по 14,30 часот кога работниците од првата смена се враќаат од работа.

„Не само што работниците побргу  ќе стасуваат до своите работни места, туку со новата обиколница ќе се скрати и патот кон Скопје, Кочани и другите места со кои Штип е сообраќајно поврзан“, посочува Николов.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе