БЕРОВО: Благој Механџиски-„Зегин“ во нова хумана мисија, инвестира во бунар, фонтана, парк на детската поезија во Русиново во чест на Верица Белчовска

Берово, 08.10.2022

Благој Механџиски, создателот и сопственик на „Зегин“-најголемата веледрогерија во нашата држава, денес беше во нова хумана мисија во родното малешевско село Русиново. Механџиски инвестира во дупчење на бунар од кој ќе се добива тнр. „жива вода“ за чешмата, фонтаната и зелените и цветни површини на овој простор при што водата ќе можат да ја користат и селаните ако дојде до криза со селскиот водовод. На овој простор секоја годи на ќе се организира, фестивал на детска поезија, а Механџиски вели дека тоа ќе биде  најдобриот таков фестивал во Европа.

„Сето ова  го правам за моето родно село, а во чест на Верица Белчовска, која несреќно го загуби својот млад живот, но нејзиното семејство направи неверојатно хуман потег кога одлучи нејзините органи да бидат донирани со што се спасија 16 животи. Овде ќе никне преубаво катче за сите во Русиново, во кое секоја година ќе се организира светски фестивал на поезија за деца. Горд сум што за идејата наидов на поддршка кај моите соселани, и што наскоро во центарот на Русиново ќе се пофалиме со еден прекрасен проект кој ќе го носи името на Верица Белчовска“, ни изјави Механџиски.

На нашето прашање колку ќе чини целиот овој проект Механџиски само кратко изјави „колку што ќе биде потребно“.

Стручна екипа со моќна дупчалка денес работеше на втората бушотина зашто при бушење на првата се дошло до 40 метри длабочина но инвеститорот не бил задоволен од добиената количина вода. Механџиски вели дека ќе се буши до 400 метри за да се добие беспрекорно чиста планинска вода. Новата бушотина е планирано да биде завршена за  најмногу еден месец по што ќе се работи на уредување на цеделиот простор.

Македонија ја знае трогателната приказна за младата студентка Верица Белчовска која загина во сообраќајна несреќа во Струмица, а која стана симбол за тоа како треба да изгледа хуманоста, откако нејзиното семејство по нејзината смрт дозволи нејзините органи да бидат донирани за трансплантација.040302

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе