БЕРОВО: Благој Механџиски-Зегин со барање да го финансира уредувањето на плоштадот во Русиново и тој да го носи името на трагично загинатата Верица Белчовска

Берово, 26.04.2021

Благој Механџиски, сопственик на веледрогеријата ЗЕГИН, кој потекнува од малешевското село Русиново, излезе во јавноста со иницијатива во селото да се подигне спомен обележје на 20 годишната Верица Белчовска која го загуби животот на Благовец откако во Струмица во неа удри автомобил. Иницијативата на г-дин Механџиски до малешевската јавност беше пренесена преку порталот Малеш Нет и зад неа, според Сенад Расимов, сопственик и уедник на порталот, застанала поголема група граѓани.

168544392_890038074874481_791981139008938428_n
Благој Механџиски

-Верица чија прерана смрт и одлуката на нејзиното семејство да ги донира нејзините органи за спас на три други животи заслужува секаква почит од сите нас. Затоа излегов со иницијатива мегданот во селото (плоштадот) да го носи нејзиното име. Си ја земам обврската целосно да го финансирам уредувањето на плоштадот, а таму да  финансирам и дупчење на бунар со длабочина од 460 метри од кој ќе се добива „жива“ вода која ќе ја користат селаните. Тоа ќе биде многу квалитетна планинска вода, ни изјави Мехџиски.

Овој добродетел и хуманист кој помогнал на многу луѓе и институции очекува целиот овој процес да ја помине законската процедура. А тоа значи Советот на Општина Берово да одлучува по оваа иницијатива, истата да ја прифати, и согласно позитивните законски процеси да отвори процес на нејзина реализација.

-Моја идеја е на уредениот плоштад да поставиме и споменик на храбрата девојка Верица Белчовска. Подготвен сум целиот овој процес да го финансирам зашто и Верица и моето родно Русиново го заслужуваат тоа. Но сега на потег е локалната беровска самоуправа, коментира Благој Механџиски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе