Берово, 22.05.2018
Денеска во Бизнис инкубаторот во Берово беше отворена втората по ред меѓународна ликовна изложба чиј организатор се Аурора Ресорт и спа и Општина Берово.
Беа изложени вкупно 30 ликовни дела, по 15 од познатите уметници Новица Трајковски од Македонија и Наташа Радосављевиќ-Нара од Србија.
На отворањето на изложбата покрај спомнатите уметници присуствуваа и поголем број љубители на уметноста од Берово како и гости од култниот Аурора Ресорт и спа сместен на прекрасна локација на Беровско езеро. Изложбата за отворена ја прогласи беровскиот градоначалник Звонко Пеќевски.
Оваа изложба ќе биде отворена за до 27 овој месец, а се очекува да ја видат поголем број беровчани како и гости кои во овие денови започнуваат да го исполнуваат најголемиот град во Малешевијата.