БОЧВАРСКИ: Велигденските празници нека го зацврстат победничкиот дух кај сите

Штип, 17.04.2020

Благој Бочварски, градоначалник на Штип упати честитка по повод Велигденските празници. Во честитката се вели:

Почитувани сограѓани,

Овој празник е значаен за многу наши сограѓани, но и за многу христијани насекаде во светот. Неговата симболика нека го зацврсти победничкиот дух кај сите, особено во овие тешки времиња во кои се соочуваме со сериозни предизвици и искушенија.

Навиките и ритуалите ги менуваме и прилагодуваме за да дадеме соодветен одговор на новата здравствена закана – вирусот COVID-19.

Физичкото дистанцирање нè одделува од саканите, но надежта што ја носи победата на животот над смртта ги обединува срцата насекаде.

Граѓаните верници годинава уште посилно го чувствуваат значењето на Велигден.

Тоа сега се изразува преку силата на духовната поткрепа и големината на човековата надеж. Тие се главни водилки во надминувањето и на најголемите искушенија.

Во нашата битка ќе истраеме и од неа ќе излеземе посилни, помудри и повредни.

Како и секогаш – животот ќе победи.

Дозволете да ги повторам своите честитки на сите граѓани кои го слават Велигден да им посакам празникот да го поминат во духовен мир, хармонија и со верба за подобро утре.

Честит празник и за многу години!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе