Браќа и сестри, наместо на “Црниот петок”, повикајте се на Исус Спасителот

Охрид, 21.04.2017

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Браќа и сестри, наместо на “Црниот петок”, повикајте се на Исус Спасителот кој создал многу посилна врска од десетте заповеди: Љубовта и разбирањето!!! Заканите и застрашувањата дека предводниците на иницијативата “За заедничка Македонија”, денеска ќе им приредат некаков “Црн петок” на неистомислениците, треба да ги примиме крајно сериозно.

Некаде прочитав, мислам кај Пауло Коелјо, дека Атена, или Атина, ќерката на Зевс од хеленската митологија, не била само богиња на мудроста и интелигенцијата (Минерва кај Римјаните), туку, истовремено, и на војната!? Браќа и сестри, многу е тенка линија измегу разумот и лудилото! Војната, како што има луд почеток, така има и ужасен крај – кога се бројат мртвите положени на своите штитови! Во војна, тргнуваат напред војниците, синови и ќерки на заведениот народ, по нив генералите, па подбуцнувачите, тоест политичарите- на крајот! Кога ќе заврши војната и треба да се дели пленот, враќањето назад, е по обратен редослед: Политичарите напред – први, по нив генералите и, на крајот, она што останало од народот!?

Затоа, драги мои, приграбете ги само првите две својства на Атена, третото отфрлете го и наместо војната, приграбете го Исус Спасителот кој создал многу посилна врска од десетте заповеди: Љубовта и разбирањето!!!

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе