Пробиштип, 27.08.2021
Пред точно 5 години, во 2016 година, во пресрет на големиот верски празник, на кој воедно се одбележува и Денот на Рударите, со активна работа започна “Булмак 2016“. Во овие изминати години, компанијата непрекинато врши ископ и експлоатација на руда од двата рудника – “Злетово“ – Пробиштип и “Тораница“ – Крива Паланка. Иако соочени со низа предизвици, особено во периодот на глобална пандемија, “Булмак 2016“ успешно работи и инвестира во развој, за што потврда е континуираниот раст на производството. Во оваа насока, од големо значење за Компанијата е соработката и поддршката која ја има од надлежните министерства и институции, од локалната самоуправа во Пробиштип и Крива Паланка и секако, од Владата на Република Македонија, стои во објавата на менаџменот на компанијата.
Најголемите резултати и успеси кои една компанија може да ги постигне се само плод на посветеноста на нејзиниот кадар. Силата и вербата на нашите Рудари се основен двигател кон деловните успеси. Успехот кој го постигнуваме претставува резултат на личниот ангажман на секој еден поединец – дел од ‘Булмак 2016’, за што сме благодарни. Веруваме дека со ваква посветеност и работа, заедно можеме да оствариме уште поголеми успеси – и на ниво на Компанија, но и да придонесеме кон развојот на оваа индустриска гранка во нашата држава.
Исто така грижата за вработените и овозможување на што подобра заштита на нивното здравје е од примарен фокус во компанијата. Од почетокот на пандемијата, сѐ до денес, исклучително мал број на вработени биле опфатени со вирусот – показател за почитувањето на сите препораки и протоколи за заштита на јавното здравје во работното опкружување.
Ние сме горди со своите 800 вработени лица кои секојдневно, безрезервно ја искажуваат својата лојалност, мотивација и поддршка кон деловниот раст и развој на компанијата.
Во таа насока, ја користиме оваа прилика јавно на сите да им го честитаме 28. август – Денот на Рударите и Успение на Пресвета Богородица -Голема Богородица, заштитничка на рударите.
ЧЕСТИТ 28. АВГУСТ – ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ!
СРЕЌНО!