Во Штип е среќа да те касне куче

Штип, 26.01.2022

Шестмина штипјани последнава недела биле каснати од кучиња и тоа во самиот центар на градот. Многу кучиња скитници има во овој регионален центар на истокот од државата, а проблемот е во тоа што од поодамна е забранета работата на стационарот во кој компанија без лиценца ги заловуваше и носеше кучињата скитници.

Но, зошто велиме дека е среќа во Штип да те касне куче?

„Ако граѓаните кои биле каснати од куче тужат тогаша Општина Штип ќе мора на секого од каснатите да му исплати отштета од 1.000 до 2.000 евра, во зависност од тежината на повредата која му ја има нанесено кучето скитник“, рче претставникот на локалната штипска власт. Тој пред советниците не кажа дали веќе стасале тужби по овој основ.

Инаку, во Штип кучиња скитници има на секој чекор. Ги има пред хотелот Оаза, пред музејот, уметничката галерија Безистен, пред месарниците каде  чекаат на некоја коска од милозливите месари, пред пицерии и ресторани, низ коритото на реката Отиња, пред Гимназија и Основното училиште „Ванчо Прке“, на Градскиот плоштад „Слобода“…

Советниците денес побараа Општина Штип под итно да склучи договор со нов, лиценциран оператор кој ќе го реши се поизразениот проблем кој го има градот со кучињата скитници.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе