ДЕЛЧЕВО: И Разловци доби вода

Делчево, 22.07.2019

Од денеска жителите на село Разловци имаат чиста вода за пиење и во доволна количина. Со изградбата на новата дренажа во село Разловци со која се обезбеди поголем доток на вода во водоснабдителниот систем, се реши децениски проблем во ова најголемо населено место во Општина Делчево. Во рамките на зафатот кој го изведуваа екипи на ЈПКД „Брегалница“, беше изграден дренажен систем со кој се зафатија водите од река Ракитина во Разловци, а беше инсталиран и дренажен приклучок со вградување полиетиленско црево фи-90 во должина од 250 метри кое се поврза со приклучната шахта. Исто така, санирана е и собирната шахта, а е извршено  и чистење и хипохлорирање на резервоарот.

2_450x600 Со овој зафат дефинитивно се решава проблемот со водоснабдување во селото, а градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој направи увид во финалните работи изрази задоволство што се реши уште едно суштинско и основно барање на жителите од ова село.

-Уште еднаш ќе повторам дека моите заложби за чиста вода за пиење се приоритет и интензивно работиме да донесеме чиста вода до сите домаќинства во Делчево. На ова поле веќе работиме интензивно со швајцарските консултанти на реализација на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ и за неполни три години, Општина Делчево и населените места Габрово и Ѕвегор, а се прават напори кон овој систем да се приклучи и селото Вирче, ќе добијат современ водоснабдителен систем и чиста вода за пиење, рече Трајковски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе