ДЕЛЧЕВО: Планинарите од „Голачка срна“ на марш долг 16 километри

Делчево, 14.06.2020

Шеснаесет членови на ПД „Голачка срна“ од општина Делчево денес реализираа шеснаесет колометарски марш. Стртот на маршутата беше од новоизградениот пешечки мост на реката Брегалница.

d004По лесна патека, прв пат по неколкумесечната пауза поради Корона пандемијата планинарите се движеа на дистанца по стариот пат Делчево – Кочани, до месноста Чачара. По кратка пауза учесниците на маршот скршнаа лево по падините на Голак се до селото Косово Дабје, односно Шопјето, каде се одржа втората пауза.

Планинарите продолжија кон патот за одморалиштето Голак и од таму во Манастирскиот комплекс „СВ. Богородица Балаклија“ каде во манастирските ајати се одржа и заедничкиот ручек.

Денешното дружење на планинарите помина во весела атмосфера и на моменти со песни и ора.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе