ДЕЛЧЕВО: Реконструкција на главната водоводна линија во Тработивиште

Делчево, 16.04.2021

Во делчевското село Тработивиште екипите на ЈКП „Брегалница“ интензивно работата на реконструкција и санација на главната водоводна линија. С врши замена на старите дотраени азбестни цевки со ново полиетиленско црево со пречник од фи- 110. Линијата е во должина од 250 метри, а се поставуваат и 2 вентилни шахти со два вентила со пречник од фи 100. По реконструкцијата на главната линија сите индивидуални приклучоци ќе бидат заменети со нови.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковки , изврши увид во работите при што истакна  дека оваа интервенција е неопходна, бидејќи се јавуваа чести дефекти на оваа линија, па домаќинствата остануваа без вода, а имало и големи загуби на водата.

-Со реконструкцијата и санацијата на главната линија, сите проблеми позврани со честите дефекти, недостаток и загуба на водата во селото ќе бидат минато. Остануваме и понатаму посветени за решавање на проблемите на граѓаните, решаваме децениски проблеми и работиме со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во сите населени места во Општината, истакна Трајковски.

Претходно во селото беше извршена и реконструкција на дел од водоводната линија која поминува по главната улица на влезот во селото, при што беше извршена замена на дотраената поцинкувана водоводна линија со полиетиленско црево.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе