Зошто иритираат бурните реакции на македонската дијаспора за името?
Па затоа што реагираат толку бурно само за името.
Никаде ги нема кога треба да реагираме против загадениот воздух. Зошто? Бидејќи дишат чист.
Никаде ги нема кога треба да реагираме против судството. Зошто? Бидејќи во земјите во кои живеат нема такво судство.
Никаде ги нема кога треба да се реагира против сиромаштијата. Зошто? Затоа што тие не живеат во сиромаштија.
Никаде ги нема кога треба реагираме против лошото здравство и високата смртност на новороденчињата. Зошто? Затоа што таму имаат добро здравство и бебињата им остануваат живи.
Затоа иритира нивното палење за името.
Ние не можеме да им забраниме да реагираат. Ама можеме да им кажеме дека се лицемери.
Ние живееме во заглавена вукојебина. А они ни држат лекции за патриотизам. Ела бе братче лечи се тука, диши тука, живеј со овие плати и кажувај што треба да правиме.
Фејсуб статус на Тамер Реџепов