ЗАЕВ: На октомвриските локални избори ќе се гласа со отпечаток од прст

Скопје, 24.03.2021

„Остануваме на определбата на октомвриските локални избори да се гласа со отпечаток од прст“, рече денес премиерто Зоран Заев. Тој порача дека МВР е целосно подготвено да направи трансфер на базата на податоци за отпечаток од прст целосно, дури е подготвено и да си ја преземе обврската за менаџментот со оваа база.

-Прашањата што беа спорни на некој начин беа решени. Тоа беше прашањето што во случај, заради тоа што првпат се спроведува, во некое ридско-планинско село има гласачко место нема Интернет и не може со отпечаток. Имаше две спротивставени мислења. Едното беше да се овозможи токму на тие места, се надеваме дека ги нема, но ако ги има да имаме традиционално со прскање со спрејот, повторно со потписот – како што беше досега. Другото спротивставено мислење беше да се повтори гласањето таму или да се одложи за толку колку што има проблем. На крајот се прифати, заради тоа што е првпат само за овој пат да може на тие места се даде можност да се оди со традиционалниот досегашен начин, додаде премиерот Заев.

Премиерот порача дека е направен исчекор во изнаоѓањето решение на овој проблем и ја поздрави опозицијата оти го прифатила, затоа што, решението беше да биде само за овој пат за изборите и логично е – првпат се соочуваме со тоа и мора да ставиме отворен прозорец на решавање на ова прашање. Очекувам и се надевам дека останува определбата да одиме со отпечаток од прст на наредните локални избори. Рековме пари во Буџетот за тоа имаме, рече Заев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе