Изгубениот свет на Сафардите од Западен Балкан во Штип

Штип, 25.10.2018

Голготата на евреите низ целокупната историја на постоењето, преку изложбата- приказна наречена „Изгубениот свет на Сафардите од Западен Балкан“ денес напладне беше промовирана во Штип. Средовечни и постари штипјани, а најмногу ученици од ООУ „Ванчо Прќе“, беа на отворањето на изложбата која никого не го остави рамнодушен.

Ученичката Тамара Илиевска од ООУ „Димитар Влахов“ ги допре емоциите на посетителите со прекрасна изведба на еврејска песна. Учениците од ООУ „Ванчо Прќе“ подготвија традиционална храна која била дел од гастрономското секојдневие на евреите. Учениците ни рекоа дека готвеле според рецепти од интернет, но и според приказните на своите баби и дедовци кои во Штип живееле во соседство со евреите.

Штип е еден од македонските градови во кои постоела бројна еврејска заедница.

Пред присутните се обрати и писателот Трајче Кацаров кој говореша за светот, неговото постоење и заедниците во него издвојувајќи ја еврејската заедница како семејство на горделиви луѓе кои многу пропатиле низ историјата на своето постоење.

Изложбата е отворена во наредните седум дена и навистина вреди да се погледне.

Q05 Q04 Q03 Q02 Q01

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе