Кога “Пуцко” ДАВА со десната – не смее да знае левата, а кога ЗЕМА со левата – не смее да знае десната!?”.
(“Парите не се еднинствениот одговор на сите проблеми, но многу помагаат.“)
Констатацијата ја позајмив од втората книга на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, Смелоста на надежта (The audacity of hope thoughts on recklaming the amercan dream), за кого неповторливиот Силвио Берлускони, еднаш рече дека е “добар дечко, ама малку повеќе осончен!”.
На Силвио, на кому и јас во една прилика му порачав, дека “за мене е мало дете!” (кога се размафтував со медиуми по Охрид и пошироко!), треба да му киажеме дека Обама, навистина, за неговите години, е поприлично “осончен” со знаења и искуство, а вам ви ја препорачувам и првата книга: “Соништата на мојот татко” (Dreams from My Father), од која има што да научите .Особено оние што се занесуваат “без покриќе!”.
Обама, во втората книга гопишува и ова:To make money, you need to spend money!
Значи, за да се направат, пари, треба и да се потрошат пари. Еве како тоа изгледа во приказната на нашиот “голем јунак” од тамошниот, мал, селски сокак – Исмаил Јаќоски –Пуцко.
Во селскиот жаргон, барем во мојата Дебрца, изразот “пуцко” означува успешен, ербап-човек. Незнам дали Исмаил Јаќоски, тргнал од ова значење кога ја формирал својата фирма “Пуцко Петрол”, ама, човеков навистина да ти бил – “пуцко”!” Пуцко” до тој степен – да не дупи во здрав разум, а ние треба да му веруваме, да се симнеме под неговата дибидус скромна интелигенција и да фураме напред, зaтоа што ова да ти било навистина amazing (чудесна) Македонија.
“Јунакот” на нашето време, егземпларот на нашата тажна криминална епоха, “пуцкото” од нашиот сокак, вели дека е ортодоксен, но не во западната смисла на зборот, туку во источната: Мека и Медина! Тоа што Медина, нашиот пуцко, ја заменил, претворил со МЕДОВИНА и не е толку важно! Веќе не е важно и заборавивме како колегата – колумнист, Албанец, со дипломатско педигре, воспитаност и искуство, убаво го имаше срочено: “Скендербег, или Тендербег”!?
“Jунакот” од нашиот сокак, како муслиман, не одбива ничија подадена рака, дури и платата две години ја делел на сиромасите, а од неговата општина Пласница нема посиромашна (самиот се фали дека 90 посто се невработени!), дури не бил ниту вработен во општината (ете и тоа било можно во amazing Македонија!), ама, како муслиман, не кажува кому и колку! “Кога муслиманот ДАВА со десната рака, не смее да ЗНАЕ левата!?”. Аферим, ашколсум, ефенди Исмаил!
Но, ефенди Исмаил не кажува со која рака ЗЕМА и дали, и во тој случај, најверојатно ДЕСНАТА рака, не смее да ЗНАЕ, што зема ЛЕВАТА? А, не да ЗЕМА, туку суши, зграпчува, одзема, дрпа, растура….
Само во последниве десетина години ЛЕВАТА рака на Јаќоски, само од нас-јадните, сеедно – муслимани, христијани, православни, католици, јеховини, стрини ни и тетки ни, од буџетот што ние го полниме, извлекол, САМО стотина милиони ЕВРА!? И продолжува да извлекува, мува не го лази, затоа што зад него стојат ДУИ и zoti Али, односно и Скендербег и Тендербег-здружени!?
Навистина – чудесна Македонија (Amazing Macedonija): Луѓето не очекуваат владата да ги реши сите нивни проблеми. Но тие, длабоко во себе чувствуваат , дека со само мала промена во приоритетите, ќе можеме да бидеме сигурни дека секое дете ќе има пристоен живот, и дека вратата на можности ќе остане отворена за сите.
Лугето знаат знаат дека можеме подобро, дека можеме поправедно. Во демократијата најважната работа е работата на граганинот. Политичарите се заробени во каннџите на богатите донатори. Мотивите не се воопшто возвишени, туку се дибидус –профани! Политиката, кај нас, се користи како шанса за богатење!
Ајде, да видиме, како тоа го дефинира чичко Обама:“Богатите финасиери имаат моќ да влијаат врз политичарите, но тие се помалу бројни. Оние кои влијаат само со својот глас се немоќни, но ги има во поголем број. Богатите со своето влијание ја поткопуваат самата идеја за демократија, другите – бројните и сиромашните се нејзината суштина. На политичарите повеќе им e до правата и бенефициите, а помалку на обврските и одговорноста. Политиката помалку да биде прашање на паричникот, а многу повеќе прашање на моралот, на етички императиви и аксиоми”.
Ете. Арно, ама, нашиот Пуцко се вади на исламот! Обама, како момче, растел во најисламската земја на светот – Индонезија. Еве што тој, од преку големата бара, му порачува на нашиот ербап-бизнисмен, воедно и политичар:„Америка и исламот не се ексклузивни и не треба постојано да сево некаков натпревар и меѓусебна борба. Спротивно, тие се совпаѓаат и делат заеднички принципи за правда и напредок, толеранција и подобрување на животот на сите човечки суштества.“
Тука, да ја завршиме приказната за Пуцко. Презафатената јавност нема време, трпение и внимание за приказни и анализи.Таа побрзо ги прифаќа застарените приказни кои веќе ги знае напамет. Тие приказни бараат помалку да го активирате мозокот, се варат побрзо и полесно.
Ве препуштам на турските серии, на идолот на Исмаила (и на нашиот Хорхе од претседател!), ламентирајте над Босфорот, во време кога на нацијата, разединета со конфликти, треба да и го вратиме чувството на заедништво, одговорност над заедничката судбина. Измегу да се има и да се знае, јас, сепак се определувам за второто, повеќе би сакал да речат:,,Живееше корисно, отколку умре богат” (Бенџамин Френклин), би сакал во мојата земја “да има повеќе инжињери, а помалку адвокати”(Барак Обама)!!!