КОЧАНИ: По рестартирањето Пајпер Мил ја започнува последната фаза од изградбата на прочистителната станица на вода

Кочани, 22 април 2021

Пејпер Мил информира дека се започнати активностите за подготовка на третата и завршна фаза на изградба на прочистителната станица на вода, чие поставување започна во 2017 година. Во оваа фаза е одбран изведувач на проектот – компанијата ARC WATER TREATMENT TECHNOLOGIES од Турција, а започнување на процесот се очекува по проектирањето на инсталациите. Со комплетирањето на оваа последна фаза од прочистителната станица, според елаборатот – суспендираните материи ќе имаат значително подобрување – повеќе од двојно од дозволените граници, а БПК5 и ХПК параметрите ќе се подобрат за три пати.

„Неопходно е да се рестартира целосно процесот на рециклирање и производство на хартија за да ги започнеме активностите за имплементација на системите за прочистителната станица од третата и последна фаза. Целосно завршување на прочистителната станица планираме во текот на оваа година. И во овој период остануваме силно посветени и ги спроведуваме планираните мерки и активности сите води кои ја напуштаат фабриката да бидат целосно во согласност со сите законски граници безбедни за природната средина. Токму денес, обележувајќи го Светскиот ден на планетата, ја потенцираме нашата посветеност кон унапредување на процесите и целосна заштита на сите сегменти на природната средина и на заедницата во која работиме и живееме.“, истакнува Јулијан Даскалов, Генерален директор на Пејпер Мил Кочани.

Првата фаза на поставувањето на прочистителната станица за вода во Пејпер Мил е започната кон крајот на 2017 година, според елаборат изработен реномирана консултантска компанија и истиот е одобрен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Поставувањето на прочистителната станица е планирано во три основни фази, кои според првичниот план требаше да завршат кон крајот на 2020 година, но поради запирањето на дел од процесите и финансиските импликации предизвикани од решенијата на Инспекторатот за животна средина кон Пејпер МИл, активностите за последната фаза беа запрени и се очекува да продолжат со рестартот на фабриката, односно да се заврши последната фаза во текот на 2021 година.

Со првата фаза во 2018 година е пуштен во употреба флотатор со капацитет од 150м3 на час заедно со пумпи, цевководи и арматура,  четири бетонски резервоари секој со капацитет од 80м3со што се затвори дел од кругот на техничката вода. Со втората фаза беше завршено целосно затворање на кругот на техничката вода со цел да се намали количеството на користена техничка вода од 160 на 50-60м3 на час. Во оваа фаза беа поставени бетонски резервоар за  обрт на техничка вода со обем од 70м3 со две централни пумпи, цевководи и арматура, метален резервоар за обрт на техничка вода , два песочни филтри со капацитет од по 60м3 на час за филтрирање на техничката вода и нејзино враќање во производствениот процес, како и метални резервоари за филтрирана техничка вода со  цевководи и арматура. Третата фаза е изградба на хемиска и биолошка станица за прочистување со цел да се постигнат такви карактеристики на основните параметри на отпадната вода кои се значајно под дозволените граници и кои се блиски до карактеристиките на водата која влегува во самиот процес.  При тоа, ќе се намали потрошувачката на техничка вода за потребите на процесот за повеќе од 60%. Во рамки на оваа фаза веќе се подготвени и два метални резервоара со капацитет од по 1000м3.

Со инвестициите од околу 450.000 евра, со првите фази на прочистителната станица значително се подобрија параметрите на водата која се испушта при процесот на рециклирање и производство на хартија и тоа значително под параметрите дозволени според законите за заштита на животна средина во однос на сите параметри. Квалитетот на водата која се испушта во рамки на процесот се контролира од страна на сопствената лабораторија на Пејпер Мил на редовна основа најмалку еднаш неделно, а по потреба се прават и вонредни контроли. Добрите резултати ги потврдуваат и мерењата и на надворешна акредитирана лабораторија која врши мерења четири пати годишно, како и контролите на инспекциските надзори кои три пати по ред покажуваат параметри значително под законски дозволените вредности.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе