Менаџментот на САСА нуди покачување на платите за 5.500 денари

Македонска Каменица, 27.04.2018

Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот – членка на Мултиетничкиот синдикат на образованието (МЕСО), влегуваат во завршна фаза.Согласно потишаната спогодба за преговори, раководството на САСА го достави до синдикатот предлогот за зголемување на платата на вработените и натамошно унапредување на условите за работа во компанијата, што соодветствува со барањата на синдикатот.

Раководството на САСА предлага генерално зголемување на платите на сите вработени во компанијата кое ќе се реализира оваа и наредните две години.  Конкретно, раководството на САСА нуди сите вработени во компанијата, почнувајќи од 1. март 2018-та година, да добијат зголемување на месечната плата за 5500 денари. Дополнително, платата на сите вработени ќе биде зголемена и за дополнителни 5% во 2019-та и уште толку во 2020 година.

Раководството на САСА нуди сите вработени во компанијата, почнувајќи од 1. март 2018-та година, да добијат зголемување на месечната плата за 5.500 денари. Дополнително, платата на сите вработени ќе биде зголемена и за дополнителни 5% во 2019-та и уште толку во 2020 година. Ќе се вложува во посовремен превоз и поквалитетна исхрана.

Со ова покачување, платите во рудникот САСА ќе го надминат прагот од 40.000 денари, односно ќе бидат за 27% повиски од просечните плати во рударската индустрија во земјава, согласно официјалните податоци за исплатената просечната плата во рударството во јануари 2018-та година, објавени од страна на Државниот завод за статистика.

Во доставениот предлог до синдикатот, раководството на САСА најави и дополнителни вложувања во осовременување на системот за организиран бесплатен превоз на вработените, како и во системот за исхрана. Иако со закон компанијата не е обврзана да нуди бесплатна исхрана и превоз за вработените, раководството на САСА ќе продолжи да го обезбедува тоа за сите вработени во компанијата, при што ќе се вложат над 250.000 евра во реновирање на фабричката кујна и кантина и во подобрување на автобускиот превоз за вработните.

Со ваквите инвестиции, новите сопственици на САСА – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, ги исполнуваат дадените ветувања кон вработените во САСА дадени при купувањето на рудникот во ноември минатата година. Според нивните сознанија, претходните сопственици на рудникот подолго време не направиле никакви напори за зголемување на платите на вработените и не вложувале во системите кои овозможуваат подобри услови за вработените.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе