Меѓународен симпозиум – “Денови на Јустинијан Први”, под тематскиот наслов: „Државата и империјата“

Охрид, 23 ноември 2018

Со учество на 40-тина еминентни византолози од Европа, денеска, во катедралната срква Света Софија,  во Охрид,  започна Шестиот Меѓународен симпозиум “Денови на Јустинијан Први”, под тематскиот наслов: „Државата и империјата“. На отворањето говореа Проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на Mеѓународниот организациски и научен комитет и Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, член на Oрганизацискиот одбор.

На првиот ден од работата, со излагање на Проф. д-р Митко Б. Панов, беше промовиран Зборникот на трудови од Петтиот меѓународен симпозиум „Денови на Јустиниан I”. Д- Панов, нагласи дека општествената димензија во споделувањето на наследството на Јустинијан 1 и годинава ги интегрира Универзитет „Евро-Балкан“, Институт за национална историја  на Република Македонија и Универзитет во Болоња, Италија, градовите Охрид и Ресен, како и научниците од Европа и светот, со што  дополнително се валоризира традиционалноста, меѓународната препознатливост и афирмираност на овој еминентен научен собир.

simp.2– Овогодишната специјална тематска целина “Држава и империја”, е инспирирана од илјадагодишнината од падот на Самуиловата држава и милениумскиот јубилеј на Охридската архиепископија. Охрид, градот на УНЕСКО, обезбедува дополнителен симболизам со византискиот император, со оглед на фактот што Јустинијан и неговата Архиепископија Јустинијана Прима се инкорпорирани во традициите на Охридската Архиепископија и на МПЦ. Тоа што симпозиумот се одржува во Охрид и Ресен најдобро ја рефлектира клучната идеја за интегрирање во европпското културно наследство, како поврзувачка компонента меѓу истражувачите ширум светот – потенцираше Д-р Панов,

Професор д-р Рубин Земон, од Универзитетот “Евро Балкан”, објасни дека овој симпозиум се одржува во овие два града бидејќи, пред точно еден милениум Самоиловата држава имаше седиште токму во овој регион и византолозите да ги презентираат своите најнови сознанија под истото поднебје.

Дел од свеченото отворање беше и настапот на камерниот хор Херувими,под диригенство на Мирјана Павловска – Шулајковска. Во придружба на маестро Золтан Мизсеи од Институтот за напредни истражувања од Косзег, Унгарија, кој успешно соработува со Универзитетот “Евро Балкан”.

simp.3На првиот ден, после промоцијата на  Зборникот  трудови од Петтиот меѓународен симпозиум „Денови на Јустиниан I”,симпозиумот продолжи со излагањето на Д-р Ѓоко Ѓорѓевски, од Православниот Богословски факултет, „Св. Климент Охридски“  од  Скопје, кој  говореше на тема: “Богословските ставови на Охридските Архиепископи Теофилакт и Димитриј Хоматијан во контекст на тогашните црковни и општествено-политички состојби”. Денеска говореа уште и Maja Ангеловска -Панова, од Институтот за национална историја, на тема:”Ереси, идеологија и Империја: Случајот со Богомилството”. Јане Коџабашија, од Универзитет „Евро-Балкан“, говореше за Димитар Златанов – Градоборски (ок.1800-1887), додека Мирјана Павловска – Шулајковска, од истиот Универзит на тема: „Замирањето“ и реафирмацијата на црковното пеење од словенско – византиската традиција во Македонија”.

До крајот на симпозиумот, ќе бидат обработени уште неколку теми. Драган Ѓалевски, од Институт за национална историја  ќе говори за империскиот престиж како средство во византиската дипломатија на Балканот (средина на IX – почеток на XI век). Далибор Јовановски, од Филозофски факултет, при  УКИМ и Иванка Василевска, од Правен Факултет, при УКИМ, на тема:” Р. Хелени или Ромеи. Судир на наследствата”, додека Митко Б.Панов, од Институт за национална историја, за  Српската имагинација за Самуиловата држава во првата деценија од 20 век низ призмата на Божидар Прокиќ.

Игор Јуруков, од Бирото за развој на образованието на Република Македонија ќе говори на тема: Средновковната историја во наставните програми по историја за основно образование (1944-2018, ) а Весна Матијашевиќ – Покупец, од Универзитет „Евро-Балкан за Рефлексии на византискиот (и поствизантискиот) период во македонското поетско и прозно народно творештво

Од странство, ќе настапат еминентни научни имиња од универзитети во Шпанија, Грција, Италија, Романија, Албанија, Бугарија, Русија, Србија и други земји.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе