Штип, 16.07.2018
Во Штип заврши Балканскиот шампионат во одбојка на песок за репрезентации до 22 години. На првенството учествуваа седум балкански репрезентации, а учеството го откажаа Србија, Турција и Грција.
Победник во машка конкуренција е тимот на Молдавија, а во женска конкуренција златниот медал им припадна на одбојкарките на репрезентацијата на БИХ. Првенството се оддржа во спортскиот двор на гимназијата „Славчо Стојменски“. Штипјани покажаа завиден интерес за овој спорт.