Нека е на арно, ама, сепак, на повидок се нови лица “госпон” Стипе (Месиќ)!?

Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Охрид, 18.02.2017

Поранешиот хрватски претседател Месиќ, вчера не подучи дека “на Македонија и требаат нови лица во политиката!”.

Пријателот и афористичар, Ључо Силјаноски, утринава, напиша: “Од се што е македонско во моментов најдобро докажуваат Албанците”.

Кој, како сака нека го толкува, ама јас, кој и самиот напишав дека, и како новинари и воопшто, треба да учиме од (знам дека ова ги љути, ама и тие тоа треба да го прифатат!) македонските Албанците, го “читам” вака:

Дека синоќа, на телевизија Алсат М, во разговорот со извонредниот Васко Попетревски, лидерот на Беса, Касами, ни покажа што е резон, политички инстикт – соодветен на моментот, што е партиски, а што натпартиски интерес, што е рационално, а што ирационално и однапред осудено на пропаст –  размислување и однесување.

За жал, Касами, не верувам, дека ги предомисли и оние што се палат на Македонски платформи, но, сигурно е, дека увери многумина, или, барем, мене ме увери (а и само од еден можат да почнат промените што сакаме да ги видиме во светотот – Махатма Ганди!), дека овдешните албански лидери не биле во Тирана за Еди Рама да им напише Албанска платформа, туку веќе напишаната од зоти Амети, да ја прифатат (пред сеалбански сведок – авторитет), затоа што не му веруваат на “бесата” (зборот) на големиот командант од Мала Речица!?

Дека, “на невидено”, му ги даваат петте пратеници на Заев, за да течат дваесетте дена за составување влада и да се  поправат штетите и исправи (ако е тоа воопшто можно!?) грешката на Прецедателот.

Дека не се за нови избори и покрај очекуваната (и веројатна!) партиска придобивка за нив!

Дека се за навремени локални избори, затоа што тие ќе ја детерминираат (насочат) политиката на идната влада.

Дека СДСМ треба да биде потолерантна кон Албанците, за разлика од националистите кои, судирот и македонското урнисување, од мегупартиски (интранационален!), како и од  мегу национален, го туркаат на теренот на  меѓу конфесионален (мегу религиски!), што веројатно, е последната станица, од конечното разнебитување на државата, а од што, пак, најдебелиот крај ќе го извлечеме токму ние, Македонците и македонската нација!!!

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе