Охригани го чевствуваат својот голем промотор, холандскиот писател А. ден Долард

Охрид, 6 февруари

– Утре, 7. февруари, со пригодна манифестација, охриѓани и пошироката културна јавност, хотелиерите и угостителите, ќе се потсетат и ќему оддадат признание, на големиот промотор на Охрид и македонија, холандскиот писател А. ден Долард.

Во КИЦ „Култура 365“, со почеток во 13. 00 часот, во негова чест,  ќе се одржи поетско читање  и предавање за животот и делото на најплодниот холандски писател и голем пријател на Македонија.

Со тоа ќе се одбележат 118 години од неговото раѓање.

dolarПрограмата содржи: Поздравно обраќање, прочит на песната „Монолог за А. ден Долард“ од Тоде Илиевски,предавање: А. ден Долард – скитник, писател и новинар, поетски поздрав кон А. ден Долард: поетите –  гости читаат свои стихови,како и предавање: Македонизмот на А. ден Долард.

А. ден Долард беше најголемиот промотор на Македонија во Кралството Холандија.

Во периодот помеѓу 1931 и 1994 година тој објави бројни книги и новинарски статии коишто беа инспирирани од неговите чести престојувања во Македонија.

Посебно изразена беше неговата љубов кон Охрид, за што е сведоштво култниот роман “Двадбата на седумте Цигани”, кај нас преведена како “Свада во Охрид”.

Во Охрид му е подигнат Споменик во рамките на Холандскиотпарк,како и спомен-собата, во рамките на КИЦ „Култура 365“.

В.М.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе