ПАГ: Уметничка колонија во знак на македонските уметници

Паг, 12.06.2018

Во местото Повљана, на островот Паг, Хрватска, заврши Мегународната уметничка  колонија “Ријеч у камену” (“Збор во каменот”), на која, во ликовниот дел – со изложба и изработка на две платна, учествуваше уметничкото и брачно дуо:Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, додека во поетскиот – Веле Митаноски од Охрид,член на Културниот центар “Бран” од Струга.

Манифестацијата ја организираше Хрватското книжевно друштво.

0013На завршното поетско читање, синоќа, се вклучија и други поети кои создаваат на македонски и хрватски јазик од регионот на Истра, мегу нив и претседателката на Заедницата на Македонците во Хрватска – за Задар и Задарската Жупанија, Мирјана Мајиќ.

Може слободно да се каже дека, овогодишната Шеста колонија, мина во знакот на учесниците од Македонија и во ритмот на македонската песна, за што се потруди музичката “клапа”, на македонскиот зет, некогашен воен лекар во Скопје – Јуре Руниќ, на гитара, и на брачната двојка Марјан (армониника) и Ивона Дуноски-Митев, вокал, воедно и претседателка на Заедницата на Македонците во Хрватска, за градот Риека.

“Јовано Јованке”, “Битола мој роден крај”, бисерите на ненадминатиот Тоше, беа само дел од прекрасната музичка вечер, исполнета во еден глас од учесниците од земјите на словенските јазици.

На поетскиот митинг настапија поети од десетина земји, мегу кои и  од Хрватска, Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, од каде дојде Сафета Осмичиќ, поет и романописец, повеќе пати закитена со титулата “Книга на годината”, во нејзината земја.

Од Белград, допатува еден од најреномираните живи поети, Мајо Даниловиќ, зад кого стојат 200 објавени наслови и кој е член на Светската академија за поезија (Верона) и Координатор на Академијата (при УНЕСКО) за поезија од регионот за словенски земји и јазици. Уште и  носител на признанието “Најдобра книга” за 2016 година и член на жирито за доделување на српското најреномирано поетско признание “Исидора Секулиќ”.

Македонските учесници оставија печат и на претходно одржаната манифестација:”У залјеву мора “(“Во заливот на морето”), во Задар, каде во атрактивниот галериски простор на Научната библиотека, беше отворена ликовната изложба, со истоимен наслов,  на уметничката и брачна двојка – Емилија и Стојче Тоциновски, единствените во Македонија и пошироко кои создаваат како ликовно дуо.

Организатор на изложбата беше Заедницата на Македонците во Република Хрватска, за Задарската жупанија – “Биљана”, додека на отворањето, пред бројната публика, говореа, претседателката на Заедницата, поетесата Мирјана Мајиќ, која е истовремено и претставник на македонското национално малцинство во Жупанијата Задар.

Македонските уметници, ги поздрави и поетот Валерио Орлиќ,оснивач, досегашен прв човек, сега почесен претседател на Хрватското книжевно здружение, како и покренувач на магазинот за култура “Книжевно перо”.

-Mорето, не е ништо друго освен совршена апстракција на движења, бои и светлини, во случајот на Емилија и Стојче,  савршено дополнета со охридската староградска архитектура, ќе каже поетот Орлиќ.

Орлиќ е голем вљубеник во Македонија и носител на македонски книжевни признанија.Меѓу другите: ”Струшко слово” (2015) и “Слово “-Битола (2016).

Авторите, Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, се академски ликовни уметници, од младата генерација македонски лкиковни автори, кои создаваат водени од мотивите на нагласените поетски симболи на модерниот ликовен израз.

Емилија Тоциновска дипломирала на Одделот сликарство со модерно креирање, при Факултетот на ликовните уметности во Скопје, во класата на Душан Перчинков. Учествувала на колективни изложби и ликовни колонии во Македонија и повеќе странски земји, носител е покрај другото, на признанија од Студентската ликовна колонија “Борко Лазовски” и на Десеттиот меѓународен салон за стрип.

Стојче Тоциновски дипломирал на Педагошкиот оддел при Факултетот за ликовни уметности, во Скопје, во класата на Васил Василевски. Магистрирал во класата на Жанети Вангели, додека докторски студии завршил на ЈЗУ Институтот при Институтот за македонска литература, на тема :”Скулптурата во урбаниот простор”. Излагал самостојно во Македонија, Хрватска, Италија и други места.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе