Штип, 28.02.2021
Текстилната индустрија со доскора 40.000 вработени која главно работи лон производство, а во вкупниот извоз учествува околу десет проценти, е една од стопанските гранки која најтешко ги поднесува тешките моменти од пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. Тоа го покажа и последното истражување на Здружението за истражување и анализа (ЗМАИ) – Скопје.
Според ова здружение пандемијата која започпна во месец март, минатата година, досега скратила 6.783 работни места во текстилниот сектор, Ако во 2019 година 2.971 лице биле отпуштени од работа, минатата година таа бројка се заокружила на 6.783 работници. Посебно загрижува и фактот дека меѓу оние кои ги загубиле своите работни места во текстилната индустрија е прилично голем и изнесува 15 чпроценти.
Ова, најново истражување покажува дека пет општини се со највисок пораст на невработеноста. Тоа се Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Во овие општини текстилната индустрија е и најразвиена и има најмногу активни субјекти во овој сектор. Кај младите лица до 29 години, бројот на невработени, исто така, се зголемува. Петте општини со највисок пораст на невработеноста кај младите се: Штип, Струмица, Радовиш, Прилеп и Кочани.
– Најчест основ за прекинување на работниот однос во текстилната индустрија, во последните пет години е истекот на вработувањето на определено време на работникот. Во 2020 година овој основ бележи раст од 123 отсто.
Анализата на ЗМАИ покажува и дека најчестата причина за престанок на работниот однос во текстилната индустрија кај младите до 29 години, пред и за време на кризата, е истекот на определено време. Порастот на овој основ во 2020 година во споредба со 2019 година е 165,5 проценти. Сепак, најдоминантен пораст за престанок на работниот однос во 2020 во споредба со 2019, бележи основот отказ даден од работодавачот со пораст од 234 отсто, а потоа следува основот отказ на работниот однос од самиот работник, со пораст од 225 проценти.