ПАРТИЈАТА НЕ ПЕНЗИОНЕРИ: НАШЕТО УЧЕСТВО ВО ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО НЕ СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ

Скопје, 20.10.2021                                                                                      

По повод некои шпекулации кои кружат во јавноста по одржаниот прв круг на локалните избори во државата, а кои се однесуваат на стабилноста на владината коалиција  ,,Најдоброто за мојата општина,, во која партиципира и Партијата на пензионери, од оваа партија до јавноста го испратија следново

СООПШТЕНИЕ

Партијата на пензионерите, како партиципиент во владината коалиција, ,,Најдоброто за мојата општина,, во која влезе со цел да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, останува на зацртаните програмски определби и цели што произлегуваат од интерните одлуки на Партијата и постигнатиот договор за коалицирање со партиципиентите во владината коалиција предводена од СДСМ.

Во име на постигнатите како започнатите и незавршените реформи, зацртаните реформски приоритети, интеграцијата и европеизација на земјата објавуваме дека Учеството на Партијата на пензионери во Владиното мнозинство не се доведува во прашање, истото е стабилно и продолжуваме понатака напред со работа во стабилна коалиција по зацртаниот демократски и европски пат и дека нема да има никакво отстапување и доведување во прашање на постигнатиот договор со сите учесници во коалицијата.

Партијата на пензионери работи исклучиво во интерес на граѓаните и пензионерите и нашата работа во целост се совпаѓа со насоката на остварување на највисоката цел на коалицијата – напредокот на земјата на сите полиња, подобрувањето на животниот стандард, просперитетот на помладите генерации и европската интеграција.

Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери, да ја подржат коалицијата предводена од СДСМ и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата ,,Најдоброто за мојата општина,, со што ќе дадат свој придонес во просперитетот на земјата.


Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе