САШКО НИКОЛОВ: Здравјето на моите сограѓани е пред се друго

23.11.2020

Д-р Сашко Николов, кандидат за градоначалник на Штип од СДСМ и коалицијата и денесе на прес конференција, се обрати до своите сограѓани, а во врска со деќемвриските избори.

-И покрај тоа што започнавме со изборната кампања за предвремените локални избори во Штип, јас во ниту еден момент нема да запрам со тоа што и досега го правев , со помошта и грижата за здравјето на моите граѓани.

Сите добро знаеме дека се соочуваме со пандемија и се наоѓаме во тежок период  во кој секој дополнителен  придонес во корист на здравствениот систем и грижата за здравјето на граѓаните е потребен.

За време на вонредните  парламентарни избори јас ветив дека ќе останам доктор за сите граѓани и покрај пратеничката функција, и го одржав ветувањето. Секој слободен момент го користев и сеуште го користам во моето каридолошко одделение во КБ Штип, заедно со моите граѓани, грижејќи се и борејќи се за нивното здравје секојдневно.

Така ќе биде и понатаму и покрај сите обврски ќе продолжам да волонтирам на кардиолошкото одделение и секаде каде што има потреба од мојата помош, бидејки состојбата со корона вирусот бара општествена и социјална одговорност од сите нас.

Пред се е важно да си човек, а потоа се друго. Јас целата мојата енергија и знаење ќе ги вложам и ги ставам на располаѓање за моите сограѓани.

Сите мерки и препораки се димензионирани за да се заштитиме и да го спречиме ширењето на вирусот. Да си бидеме сите заедно меѓусебна поддршка и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

Не се групирајте, одржувајте дистанца, носете заштитни маски и дезинфицирајте ги редовно рацете и работните површини.

За мене здравјето на моите сограѓани е пред сé друго.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе