СВЕТИ НИКОЛЕ: Целиот покрив на конфекцијата Мода покриен со фотоволтаици во соработка со ОКТА

Свети Николе, 13.12.2020

Светиниколската конфекција Мода, една од најголемите по бројот на вработени и по расположивиот производен простор во државата, во соработка со ОКТА, реализира голем проект во областа на обновливите извори на енергија кој деновиве е ставен во фукнција. Се работи за фотоволтаична центра со инсталирана моќност од близу 300 kW, поставена на целиот покрив на конфекцијата.

-Електричната енергија учествува со голем процент во нашите вкупни производствени трошоци. Тоа беше основната причина да се вклучиме во овој проект, зашто тоа и носи бенефит на нашата конфекција. Истовремено, се работи и за општествено одговорен проект зашто со него придонесуваме за заштита на животната средина. Како бизнис сектор имаме задача и обврска да бидеме предводници на одредени процеси во државата, а оваа активност е токму во таа насока“, изјави Ангел Димитров, претседател на одборот на директори на светиниколската конфекција Мода.

Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА посочи дека тие се особено горди на фактот што во услови на пандемија и неизвесноста која таа ги носи, годинава успеале да реализираат и  да пушат во употреба две фотоволтаични централи.

-Со тоа вкупниот број на вакви капацитети во портфолиото на ОКТА засега се заокружи на пет. Остануваме силно посветени на стратегијата за инвестиции во обновливи извори на енергија преку примена на иновативни технологии. На овој начин постигнуваме двоен ефект – им помагаме на нашите партнери да ја рационализираат потрошувачката на струја и во исто време придонесуваме за намалување на факторите кои имаат негативни ефекти врз животната средина“, изјави директорот Радовиќ.

На покривот на Мода се поставени 1.060 фотонапонски панели од реномираниот производител Multicrystalline Trina Solar, додека шесте инвертори се од брендот Huawei. Очекуваното годишно производство на фотоволтаичната централа е 428 MWh електрична енергија.

Според Димитров вкупната инвестиција чини 180.000 евра. По 90.000 евра е влогот на секоја од страните во овој потфат. Мода бесплатно ќе покрива 70 проценти од своите потреби за електрична енергија, а за преостанатите 30 проценти на Окта ќе и плаќа за 10 проценти поефтина струја. Вишокот на струја кој ќе се произведува во денови и во часови кога конфекцијата не работи Окта ќе ја продава на слободниот пазар.

Мода е втората фабрика од текстилната индустрија на која ОКТА инсталираше фотоволтаична централа откако претходно ваков капацитет беше поставен на Конфекција и трикотажа АД Единство во Струмица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе