Удрила грижата на веселба

Штип, 09.06.2017

Учениците од завршните класови во основните училишта со песна и оро ја испратија учебната година. Од есента тие ќе се преселат во средношколските клупи.

И полуматурнатите научија дека после грижата доаѓа време за веселба. Деветолетката е зад нив, наскоро, со потребните документи, тие ќе  побараат упис во неко од средните училишта.

Сликата од веселбата на полуматурантите ја направивме пред штипското Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“ кое е во центарот на градот. Фатени во оро, под тактот на музиката од хармоникашот, идните средношколци умешно ги играа познатите македонски ора и ги пееја убавите македонски песни.

Убаво беше да се гледаат децата како се радуваат на завршетокот на една етапа од нивниот живот. Така и треба. Со песна и оро. Зашто есента е речиси утре. Новото за нив време ќе донесе и нови обврски….Така е тоа за секоја генерација.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе